Од пишаното и неписмените не можат да избегаат.
[divider top=”no”]Плиткиот мозок е најопасен во длабока фотелја.
[divider top=”no”]Литературен фронт: еден пише, другите го бришат.
[divider top=”no”]Шеф без полтрони е пушка без патрони.
[divider top=”no”]Бог на небото, богови на земјата – зарем не е овој свет божествен?
[divider top=”no”]Демократијо, како да ти верувам кога со векови те обесчестуваат?!
[divider top=”no”]Ние навистина отидовме предалеку, а сепак сме тука?
[divider top=”no”]Јунаците имаат кратки биографии, но долг задгробен живот…
[divider top=”no”]Самоубиецот го убиле други…
[divider top=”no”]Многу мажи можат да научат од жените што е тоа маж!
[divider top=”no”]Политичарите нè опиваат со ветувања дека ќе нè внесат во рајот и обично нè пуштаат во пеколот за да се отрезниме!
[divider top=”no”]Уметност во пиењето е да бидеш трезен кога си мртов пијан!
[divider top=”no”]Зад насмевките демнат забите!
[divider top=”no”]Ние често вршиме размена на мислења, но не и на мисли.
[divider top=”no”]Многу вистини се удавиле во виното и пак не им доаѓа умот.
[divider top=”no”]Добро, господа, ако секој си ја гледа работата, што ќе работиме?
[divider top=”no”]Позицијата и опозицијата се како маж и жена: еднаш едните се горе, а другите долу, и обратно, а бремен останува народот!
[divider top=”no”]Понекогаш најболниот предлог го нуди најздравото решение…
[divider top=”no”]Времето е најдобриот лекар, кој обично доаѓа кога пациентот е мртов!
[divider top=”no”]Полните џебови испразниле многу срца…
[divider top=”no”]Кочо Урдин (1930-2008) е роден во Струмица. Тој бил раскажувач, романсиер и драмски писател. Студирал литература во Белград и во Скопје. Завршил Висока школа за политички науки во Белград. Бил директор на Народниот театар „Антон Панов“, основоположник на Работничкиот универзитет, на Ликовната галерија, на Интернационалната ликовна колонија и на Музејот во Струмица. Се зачленил во ДПМ од 1962 година. Добитник е на наградата на театарски игри „Војдан Чернодрински“. Самиот велел дека хумористичната жица ја наследил од својот дедо, кој бил голем шегаџија и кој зборувал во стихови. Автор е на десетина книги со раскази, романи, драми, афоризми и со хроники. Изборот со кој го претставуваме овде е направен од книгата афоризми „И кога мислиш размислувај!“, објавена во 2000 година.