Мојот свет на окултизам, иако јас тоа сакам да го наречам магија

occult_glyphs_600

Knowing others is wisdom, knowing yourself is enlightenment! – Lao Tzu

 Како што Гери Лахман фино кажа во интервју (со што целосно се согласувам), целиот тој свет на магија/езотерија/окултизам/духовност може да биде и често е премногу нападен и кичест. Во смисла дека, некои зборови/термини и фрази веќе станаа премногу чести и обични, премногу вообичаени и излитени, како на пример: чакра, аура, фокусирање на сегашниот момент (Екарт Тол?), свест/свесност (што е тоа свесност?), фокусирање на дишењето (јога?), зен и други. Во, често, прекичестиот свет на магија (сакам да го користам зборот магија, наместо окултизам, езотерија или алхемија, бидејќи станува збор за магија, тоа е најпрецизниот збор), Рудолф Штајнер се чини дека е еден од најтрезвените езотерични мислители и тоа што го научив од неговата автобиографија, е дека уште како ученик во училиште, тој бил фасциниран и интригиран од разните прикази и слики/форми/облици, присутни во учебниците за геометрија, од кои тој учел. Зачудувачки, сите тие геометриски форми (што се, секако, дел од математиката) наликуваат на тоа како езотеричниот свет функционира и какви се форми спиритуалните ентитети (од астралното рамниште) можат да имаат или едноставно како тие изгледаат…

Присуствував на предавање на Лон Мајло Дукет, американски писател и окултист (мислам дури и масон?!), пред извесно време, кој зборуваше на тема – магија… Отидов на предавањето само поради една причина: сакав да слушнам како некој зборува за енвокација на спиритуален ентитет. Дукет кажа дека го енвоцирал/повикал ентитетот (не ми текнува точно кој), користејќи магичен круг и магичен триаголник, како две базични магични алатки (иако, како што јас ја разбирам магијата, вољата и имагинацијата се двете најбитни и најмоќни магични средства) и додека го правел тоа, постоела можноста да ослепи, што ни кажува дека енвокација/повикување на спиритуално битие од астралното рамниште може да биде екстремно опасно (дури и фатално). Спиритуалниот ентитет на Дукет изгледал како коњче од Дизниленд и, очигледно, ги остварил неговите желби и ги претворил во реалност, на мистериозен, магичен начин. За да го енвоцира духот, Дукет го користел The Lesser Key Of Solomon, најпопуларниот гримоар/студија за магија, што потекнува од 17-тиот век, но го ревидирал Алистер Краули (најбедниот влез во светот на езотеријата и магијата) во 1904.

Значи, што е магија?!? Повторно, Гери Лахман дава добро објаснување, велејќи дека сето тоа искуство со магија, дали ќе биде теоретски или практично, користи за да ги поттикне и зголеми скриените резерви на човековата психа и свест/свесност. Очигледно е (или барем така сакам да верувам) дека интересот за магичното (сфатено како дел од Универзумот, разбран како макрокосмос и како дел од нас самите, согледани како микрокосмос/помала слика на Универзумот), рапидно се зголемува. Освен пречесто употребуваните и бледи термини и зборови, што беа спомнати претходно, постои, на пример, книжевна издавачка куќа во Белград/Србија, што се вика Езотерија, што е фокусирана единствено на издавање книги (во превод или оригинали) што обработуваат и опфаќаат многу разновидни аспекти од духовноста. Песната Dark Horse на Кети Пери, и текстот/лириките и видеото, се можеби малку претерана/преувеличена верзија на египетска магија. Новата одлична песна Magic на Coldplay е буквално експлорација на магичниот начин на размислување. Да не спомнуваме бендови како Цоил, Тхроббинг Гристле, Сигиллум С, Троум и многу други, кои се длабоко инспирирани од различни магични (и филозофски) идеи за музиката…

Не само во музиката, туку и во литературата, книжевно-уметничка/фиктивна и нефиктивна, многу автори се под влијание на идеи од магична природа. Пред извесно време, ја открив новелата/роман Волшебникот на Џон Фаулс (скоро преведена на македонски), што евидентно инкорпорира различни идеи и интерференци помеѓу филозофијата и магијата… Ервин Ласзло, во неговата студија Science and the Akashic Field,, презентира теорија дека следниот голем чекор во науката ќе биде или веќе е проучување на т.н. поле-акаша (или астралното поле, итн.), што е присутно низ целиот Универзум. Фритјоф Капра (американски физичар, роден во Австрија), во својата книга The Tao Of Physics ги истражува паралелите помеѓу современата физика и источниот мистицизам. Дион Форчн и Карл Јунг се и двајцата познати (и признати) истражувачи на врските меѓу психологијата и окултното. Бронислав Малиновски, како антрополог, ги истражува магијските ритуали во примитивните, племенски средини и заедници…

Сигурен сум во тоа дека има езотерични/магични кодови, што можат да предизвикаат магичен ефект, во одредени зборови и фрази во македонскиот јазик. Постои теорија, што е претставена во (колку што ми е познато) првата и до сега единствена оригинална македонска езотерична новела/студија, насловена Розата Од Вода, потпишана од Едни Македонци, што вели дека се што е кажано на изворен англиски јазик, доаѓа од устата на Сатаната и е сатанско… Дали се согласувате со тоа?!?! Јас не сум сигурен… Но знам нешто што е сигурно! А тоа е дека македонскиот јазик е магичен јазик. Некои (можеби и сите?!?) македонски зборови се енергизирани, во нив има одредена сила/моќ и тоа е магија – скриено зна(ч)ење во внатрешноста на зборовите… Language is a virus (from outer space)! Но тој, јазикот, како вирус, не мора исклучително да биде штетен. Разбрана како вирус, употребата на (не само) вербалниот јазик, може да не поврзе со божественото (божествената свест и свесност). Ако го користиме правилно, се разбира…

Repetitio est mater studiorum!

“Се повеќе луѓе, во постмодерниот свет, ги (ре)откриваат нивните способности за визионерство, лоцирајќи го внатрешното истражување на суптилните и квалитативни слоеви на нивната свест и свесност, како централно нешто во нивните битија/во нивното постоење. Оваа промена на вниманието е дел од поголемата промена на парадигмата; древните пророштва се остваруваат, така што го дефинираме новото ниво на свесност, што во себе ги интегрира науката/научното и духовноста/духовното, телесното и визионерското, невидливото и веќе познатото.” – вели Даниел Пинцхбецк, еден од основачите на Еволвер, што претставува а лифестѕле цоммунитѕ платформа, што го издава Reality Sandwich, онлајн магазин преокупиран со теми како духовност, филозофија и активизам.

tigerНајчесто го користиме т.н. вербален јазик за комуникација, но сигурен сум во тоа дека има и други, различни аспекти и состојби, многу поопипливи и посуптилни, што ја дефинираат човековата комуникација. Не станува збор само за правилната употреба на интонацијата на гласот, туку и за некои посуптилни нешта што ја дефинираат комуникацијата меѓу луѓето, нешта како, на пример, движењето на телото (уште една форма на (телесен) говор/бодѕ лангуаге), ставот, погледот на/во очите, поставеноста на телото, итн. Вербалниот јазик/израз е само еден мал дел од тоа што некој сака да го (ис)каже. “Противречноста, што е толку чудна за обичниот начин на размислување, доаѓа од фактот дека мора да користиме јазик за комуникација со нашето внатрешно искуство, кое по самата своја природа ја трансцендира лингвистиката.” – вели Д. Т. Сузуки, јапонски автор на дела и есеи за будизам, зен и шин, што се клучни за проширување на интересот за зенот и шинот (а, исто така, и на далечната источна фолозофија, воопшто) на Западот. Овој цитат е преземен од дело на Фритјоф Капра, американски физичар роден во Австрија, кој ги проучува врските помеѓу модерната физика и источниот мистицизам.

Секој маж и секоја жена е магионичар! Многумина ја постигнуваат својата специфична магична состојба на постоење, без да читаат или да студираат никакви книги или дела на тие теми, туку спонтано, наоѓајќи сопствени начини за употреба на специфични форми на јазикот, не само вербален, туку, исто така важно, како што беше речено и претходно, јазикот на телото, посебни/сопствени начини на движење на телото, што, всушност, се смета за една од најбитните задачи што магионичарот треба да ги направи или постигне – да го открие сопственото, оригинално движење на телото, рацете, нозете, одењето, итн. Да не бидеме копија на некој друг! Движењето (на телото) е, самото по себе (еден вид на) магија! Исто како што и Бог е еден вид на магија (A Kind Of Magic,, апропо песната на Queen). Постои огромна дистанца/раздалеченост помеѓу нас/луѓето и Бог и тој простор е исполнет со разновидни спиритуални битија, кои, доколку им се обратиме на правилен начин, може да ги пренесат нашите молитви до Бог. Омраам Микхаëл Аïванхов, бугарски филозоф роден во Македонија, но исто така и педагог, алхемичар, мистик, маг и астролог, пишува опширно за тоа во Angels and other Mysteries of The Tree of Life.

Секој маж и секоја жена е магионичар! Но, во согласност со сечија посебна и лична состојба на свест и свесност, зависи колку некој може да биде или е свесен за тоа. Како што Дипак Чопра вели во The Way Of Wizard – магионичарот е тој што знае и гледа се, во секоја прилика. Тоа ни кажува дека ние, како луѓе (со божествени особини во нас), во секоја ситуација во нашите животи, треба екстремно прецизно да знаеме/да направиме разлика (во нашите срца и со нашата свест и свесност) што (е тоа што го) знаеме и што (е тоа што) не (го) знаеме; да ја почувствуваме разликата, кој е тој во нас што зборува и гледа – човекот (кој знае многу малку) или магионичарот (кој, апсолутно, во секоја прилика, треба и може да знае и да гледа апсолутно се). Едноставно е кога ќе се каже на ваков начин, но не е воопшто едноставно и лесно тоа да се постигне во животот. Всушност, прилично е тешко тоа да се постигне…

 As soon as you see something, you already start to intellectualize it. As soon as you intellectualize something, it is no longer what you saw. – Д. Т. Сузуки

Изненадува фактот колкумина тежнеат кон тоа да ги интелектуализираат нештата, воопшто. Не само врвно интелигентни луѓе (понекогаш заробени во нивните глави), туку исто така и помалку интелигентни луѓе, затворени во сопствените умови, не знаат/не научиле да чувствуваат со срцето, туку само прекумерно ги теоретизираат нештата и настаните, заземајќи исклучително филозофски поглед за многу едноставни и обични нешта; наместо да ужива во прекрасниот изглед на зајдисонцето во градот, некој ќе почне да коментира за тоа колку многу облаци има на небото, како така нема птици, зошто Сонцето е толку многу сјајно… Знам дека секој сака нешто! Луѓето се чудни, луѓето се настојчиви, секој има некои свои сопствени (специјални) потреби… Што е тоа толку посебно за некоја одредена потреба што некој може да ја има?!?!

Некаде помеѓу едноставноста и комплексноста, можеме да се обидеме да дефинираме некој извесен аспект на човековото битие. Не секој сака да биде до толку проклето едноставен… Некои се многу свесни за своите комплексни карактери и уживаат во секој момент од својата посебност… Но: “Blessed are the poor in spirit, for theirs is the kingdom of heaven.”

She calls out to the man on the street,
“Sir, can you help me?
It’s cold and I’ve nowhere to sleep,
is there somewhere you can tell me?

He walks on, doesn’t look back,
he pretends he can’t hear her,
starts to whistle as he crosses the street,
seems embarrassed to be there.

Oh,
think twice,
‘cause it’s another day for you and me in paradise!

Oh,
think twice,
‘cause it’s another day for you,
you and me in paradise!

Think about it!

Бобан Ристевски

Тагови од објавата
,
Напишано од
More from РЕПЕР
Италијанска современа поезија (4)
Ако не треба да се вратам, знајте дека никогаш не сум заминал.
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *