Овој стрип за првпат се појави во списанието „Spunk“ во 1979 година.
Tој е последниот стрип на познатиот југословенски стрип цртач Мирко Илиќ (1956). Своето прво дело Илиќ го објавува 1973 година, и оттогаш редовно објавувал стрипови и илустрации во бројни југословенски и светски списанија. Изработувал и насловни за музичките албуми на неколку југословенски рок и поп бендови. Се појавил и во документарниот филм за југословенскиот нов бран „Среќно дете“ на Игор Мирковиќ. Од 1986 година живее и работи во САД.
Сценарио: Лес Лили.
Цртеж: Мирко Илиќ
Warning: Trying to access array offset on value of type bool in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/inc/social-share.php on line 60
Pinterest