Раѓањето на американската демократија


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/formats/format-standard.php on line 28
Сепак, и покрај таквата демократска поставеност на власта во Америка според Токвил, американската демократија би можела да се соочи со одредени опасности како од општествена природа, така и од институционален карактер.

Alexis_de_tocqueville

Толкувањето за раѓањето на американската демократија е предмет на јасна анализа на сите нејзини појави, бидејќи и самиот процес е јасно видлив од самиот почеток. Во својата книга, Американската демократија, де Токвил прави анализа на една стабилна и перспективна демократија, бележејќи ги разликите помеѓу таа и демократијата во родната Франција, додека ги посетува САД  во триесеттите години на XIX век. Таа анализа води до заклучокот дека феноменот на демократијата го достигнал својот најголем прогрес во Америка. Тој се обидува да ги пронајде силите и слабостите на една демократија и да одговори како евентуалните слабости може да се преодолеат. Главното прашање по кое Токвил се раководи е како да се зачува слободата наспроти се поголемата еднаквост на условите. Најважните фактори кои влијаат на тоа се структурата на власта како и институциите кои ја чуваат слободата на американското општество. Имајќи го тоа предвид, најпрво треба да се разгледаат самите обичаи и верувања на американските населеници од самиот почеток бидејќи и самата структура на власта е нивен директен производ.

Ако сакаме да погледнеме кон одделните карактеристики на американската демократија, тогаш задолжително треба да ја проследеме најраната историја на државата. Американските населеници, најпрвин од англиско потекло, доаѓаат во Новиот свет и се населуваат без скоро никави пречки како минато, цивилизација и обичаи. Новиот континент личи на два триаголника и нуди најголеми природни и климатски различности. Северниот дел на континентот кој се протега од Арктикот до Екваторот е со поумерена клима, додека на југ од Екваторот климата станува тропска. Тие природни услови во голема мера ќе повлијаат на врз развојот и формирањто на американските заедници.

Северниот дел означувал сериозност и возвишеност, каде доминирала интелегенцијата, додека југот означувал поголема склоност кон сензуални задоволства. Сепак, целиот тој мозаик од пустини, реки, планини и џунгли не бил целосно ненаселен. Номадски и полуномадски племиња, наречени Индијанци можеле да се сретнат во шумите и прериите. Од утоката на реката Св. Лоренс до делатата на реката Мисисипи, и од Атлантикот до Пацификот, физичките карактеристики на тие луѓе го покажуваат нивното заедничко потекло, но истовремено и нивните разлики од останатите човечки раси. Тие не се бели како европеиците, ниту жолти како повеќето азијати, ниту пак црни како африканците. Бојата на нивната кожа им бил жолто-кафеава, имале долга коса, тенки усни и изразени јаболчници. Тие имале целосно различен културен и цивилизациски код од европејците и немале никаков контакт со други раси од цивилизираниот свет. Така, тие немале претстава за правилното и погрешното ниту за човечката корумпираност. Индијанецот одговарал само пред себе во согласност со независноста на својата природа. Сите тие карактеристки овозможуваат англичаните да се населуваат со полна пареа.

„Долината на Мисисипи, воопшто, е најневеројатното место за живот, подготвено од Господ за човекот; а сепак може да се каже дека се уште е една широка дивина.”[1]

Во периодот во кој првите европски заселници стапнуваат на американското тло, нивните национални карактеристики веќе биле оформени, тие веќе достигнале одреден цивилизациски степен кога биле способни да прават анализа на нивните мислења, обичаи и закони. Татнежот од религиозни расправии во христијанскиот свет, кога протестантската реформација го разделува римокатолицизмот во XVI век, доведува до огромни промени и врз сликата на Англија. Иако англискиот крал Хенри VIII е тој којшто се одделува од католицизмот и папата, претворајќи ја црквата во англиканска, сепак тој не прави реформација на црковното управување. Тој бран на протестантски движења наидува на неприфаќање и отфрлање во Англија. Таму протестантите се делат на две групи. Едните не се противат на големите промени во управувањто на црквата и сакале до некој степен да продолжи старата форма на обредите, надевајќи се така да се помират луѓето со протестантска вера, другите пак, биле жестоко против римската црква и против секое човечко влијание т.е сакале да ја исчистат црквата од секое човечко влијание, по што тие се нарекуваа пуритани. За време на владеењето на кралицата Мери 1553-1558, тие се биле во особено лоша позиција и тоа ги натерало да бегаат на континентот, најмногу во Холандија. За време на владеењето на кралицата Елизабета, дел од нив се враќаат во Англија, каде нивното прашање се претвора во борба за граѓанска и религиозна слобода. Тоа ги тера да заминат преку Атлантикот и таму да ги остварат посакуваните слободи. Првите населувања на Америка всушност не се од страна на Пуританите, туку се од чиста економска природа, т.е во 1607 година емигрантите ја формираат првата колонија, Вирџинија. Тие први населеници барале злато и авантури. Понатаму доаѓаат земјоделци и занаетчии, но тие и не биле на повисоко ниво од ниските класи во Англија. Тоа населување воопшто не се карактеризира со духовна пробуденост и возвишени мисли, што по многу ќе придонесе до понатамошните разлики помеѓу северот и југот. Северот од друга страна ќе придобие поразлични карактеристики. Населениците, пуритани, коишто во 1620 год. пристигнуваат во Кејп Код и ја формираат Нова Англија. Нивните принципи и верувања, поткрепени од искуството во родната земја, брзо се рашируваат по целата територија каде се формираат колониите.

Во формирањто на нивните заедници тие директно практикуваат суверинитет преку поставувањето на магистрати и државни должности како полиција, законодателсвто итн. Самите колонии ја признавале врховноста на монархијата, но тие всушност оформиле република со мали градски заедници. Религијата им овозможува на колонистите да уживаат граѓанска слобода како благородно искористување на човечките можности, а политичкиот свет е поле подготвено од Господ за игра на човечкиот ум. Тие го сврзуваат религискиот дух со духот на слободата, а слободата за нив има две лица: може да има природна и граѓанска. Првата е карактеристична за сите суштества и не подлежи на власт и прави човекот да се претвори во брутален ѕвер. Тоа влијае лошо врз вистината и мирот кон кое верата во Бог се стреми. Втората слобода е всушност граѓанската или феделарлната која уште може да се нарече и морална бидејќи се однесува на релацијата Бог – човек, од моралната страна и политички во смисла на релација помеѓу самите луѓе. Таа слобода е директно сврзана со власта и не може да се одржи без неа. Како е и да е, во тој дух започнуваат да се формираат колонијалните заедници кадешто со законите за поделбата на земјата нема место за аристократија. За нив ништо нема толку големо значење како еднаквоста. Со појавата на американската револуција, доктрината за сувереност од градовите се префрла на државите. Власта во Америка се гради на тој принцип каде според уставот на САД, две различни социјални структури, преминувајќи една во друга или две различни влади, скоро независни, една што се занимава со обичните потреби на заедницата, а другата со заедничките интереси на државата, ја формираат општествената структура на САД. Првичното нешто при постигнувањто на слобода е локалната власт. Слободна влада може да постои, но локалните власти се тие кои го гарантираат постоењето на слободата преку директно изразување на луѓето. Власта во одделните држави се состои од законодавна и извршна власт.

Законодавната власт се дели на две гранки: Сенатот и Претставничкиот дом. Сенатот најчесто е законодавното тело, но често станува и извршно и судско. Другата гранка на законодателството е Претставничкиот дом. Начинот и условите по кои се избираат членовите на двете тела е иститот, со таа разлика што мандатот на сенаторите најчесто е подолг од тој на членовите на Претставничкиот дом. Таа поделеност на законодавната власт овозможува на САД постојана контрола врз политичките движења. Извршната власт се однесува на губернаторите на секоја одделна држава. Целата воена моќ е во негови раце, но тој нема влијание врз администрацијата на градовите. Сепак, таа власт на државите, иако независна, се потчинува на власта на федерацијата. Според федералниот устав, законодавната власт во унијата и во тој случај се дели на две гранки. Распределбата на власта од одделните држави се пренесува и врз распределбата на власта на федерално ниво. Принципот за независност на САД лежи во формирањето на Сенатот, додека суверенитетот на нацијата е Претставничкиот дом. Секоја држава испраќа по двајца претставници во Сенатот, а во Претставничкиот дом делегатите се во сооднос со бројот на жители. Тоа не е единствената разлика помеѓу двете гранки на законодавството. Претставниците во Претставничкиот дом се избираат од самите луѓе, додека сенаторите од законодателствата на одделните држави, преку законодавни тела. Претставничкиот дом има чисто законодавна функција и дел од судските процеси при случаи на импичмент, а сенатот соработува со законодателтвото и во судските процеси кои Претставничкиот дом му ги препраќа.

Извршната власт е олицетворена во претседателот. Тој се бира на секои четири години и може да се реизбере. Неговата власт е независна, и покрај тоа што Сенатот може да анулира некои негови акти. Тој има право на вето, кое може да се отфрли ако е изгласано со дветретиснко мнозинство од целиот дом. Судската власт во САД пак има огромно значење во поличкиот свет на Америка. Извршувањето на законите е истовремено задача и на федералните судови како и на Врховниот суд којшто е највиско во хиерархијата на целата судска власт.

americanflagstreetart-1280x729

Сепак, и покрај таквата демократска поставеност на власта во Америка според Токвил, американската демократија би можела да се соочи со одредени опасности како од општествена природа, така и од институционален карактер. Законодаванта гранка е најдиректниот претставник на волјата на луѓето, па тие имаат тенденција да го концентрираат најголемиот дел од моќта токму таму. Затоа, доколку нема доволно контрола врз неа, таа лесно може да се претвори во тиранска. Исто така, и реизбирачкото право на претседателот ја намалува неговата независност. Иако на прв поглед изгледа како реизборот да ја зголемува моќта на претседателот, всушност, доколку тој се надева да биде повторно избран, тој нема да биде толку склон кон независни одлуки во неговите расудувања, туку напротив ќе биде склон да ги задоволи барањата на луѓето, кои не секогаш би можеле да дадат правилно расудување за одредено државно прашање со што индиректно се дава можност за тиранија на мнозинтвото.

Друг проблем во организацијата на американската демократија е директниот избор на претставниците и нивниот краток мандат. Тоа овозможува поставување на медиокритетно тело кои истовремено постојано ќе се раководи од јавносто мислење. За споредба, членовите на Сенатот се избрани индиректно и претставуваат збир на интелегентни и образовани луѓе. Токвил предлага индиректно избирање на претставниците, и тогаш законите не би биле медиокритетни а луѓето би биле посилно приврзани за нив, дури укажува на опасноста од тоа законите да станат медиокритетни и контрадикторни, па луѓето би можеле да се откажат од демократијата воопшто.

Една од опасностите со кои демократијата може да се соочи е преголемата желба за еднаквост. Всушност и самите институционални проблеми се показатели за подлбоките проблеми на луѓето. Идејата за еднаквоста на луѓето е директно поврзана со сувереноста на луѓето и јавното мислење. Во повеќето случаи, според Токвил, таа се сокрива и се цени без при тоа да биде јавно изразена, додека во Америка, идејата за сувереност е откриена и потврдена преку законите и обичаите. Самото тоа дава можност за практична анализа на сувереноста на општеството. Сите аспекти на општеството се засноваат на таа доктрина. При тие услови, секој граѓанин на нацијата има еднаква моќ и учество во власта. Прашањето е како тогаш тој го почитува општеството и до каде оди тоа почитување.

За еден граѓанин се смета дека треба да биде добро информиран, доблесен и способен како секој друг. Законите се почитуваат бидејќи тој ја уважува полезноста од здружување, а истовремено знае дека тоа здружување не може да биде успешно ако нема некое тело кое ќе го контролираи управува сето тоа. Всушност граѓанинот има одговорност кон сите активнсоти во општеството. Тој има целосна слобода и може да одговара само пред Бог. Од тука призлегува и максимата дека секој сам одлучува за своите постапки и својот живот и општеството нема право да се меша во тоа, освен ако се работи за предрасуди или има потреба од општествена интервенција.

Тој принцип во САД го е достигнал највисокото ниво кое може да се замисли во една демократија и се јавува во секаква форма, во зависност од случајот. Понекогаш, законите се донесуваат од страна на луѓето, а понекогаш преку претставниците кога тие ја пренесуваат волјата на луѓето. Тие принципи се тесно сврзани со принципот до кој тие најмногу држат, а тоа е принципот на еднаквоста. Токвил смета дека тоа е еден од недостатоците на демократијата затоа што ако сите се еднакви, тогаш никој нема право да владее, а сепак, најдобриот начин да се уреди едно општество е сите одлуки да се основаат на мнозинството. Проблемот може да се јави ако тоа може да доведе до деспотизам во лицето на една личност или мнозинството.

Во случајот на демократијата, пак, постои голема опасност мнозинството да се претвори во деспостско. Во отсуство на форми на контрола врз моќта на мнозинството во владата, тогаш малцинството нема да може да ја изрази својата страна. Уште подиректно вмешување е големото влијание на мнозинството врз моралната состојба на луѓето. Имајќи предвид дека сите се еднакви и ниту едно мислење не е позначајно од другото, тогаш, мислењето на мнозинството би требало да биде најдоброто. Тоа би можело да доведе до отфрлање на слободата за сметка на еднаквоста. Според Токвил, таа тиранија би била уште поопасна и од тие во минатото со егзекуции со железни окови. За да допре до духот на човекот, деспотизмот на апсолутистичката влада го ранува телото, но духот успева да се излече од тие удари и да се зацврсти, додека во демократските влади, тиранијата воопшто не е таква. Таму телото е ослободено а насоченоста е директно кон духот. Од друга страна пак, самите одлуки на луѓето во демократските општества имаат тенденција да не се толку раководени од разумот, колку од чувствата и расположението. Резултатите од тоа се видливи во неколку случаи: изборот на владините службеници, неефикасното управување со парите и способноста за вршење на надворешните работи. При изборот на владините службеници во демократските општества се јавува следното: луѓето не прават многу добар избор затоа што луѓето кои се склони кон еднаквост не ги сакаат многу оние кои се супериорни над нив, а пак супериорните не ја сакаат титулата бидејќи не нуди голема добивка. Како можно решение за тоа се доброто образование и воспитание како и уживањето на локалните слободи, додека институционално, тоа би можело да се реши преку индиректно избирање. Неефикасното управување до парите се појавува во тој импулсивен дух постојано да се инвестира со нови нешта кои не секогаш се доходовни. Во демократските општества луѓето се посклони кон силни чувства отколку кон разумни заклучоци кога станува збор за надворешните односи на државата.

Тоа се едни од случаите кога демократијата би можела да биде повредена како резултат на склоноста на луѓето да се раководат од чувствата и расположенијата, а не од разумот. Според Токвил, вистината може да се спознае само преку искуството, а Америка тоа го прави тоа бидејќи нема директна опасност која да и попречи.

Индивидуализмот и материјализмот исто така може да доведат до деспотизам. Индивидуализмот е дел од демократијата и се зголемува со чувството на еднаквост затоа што еднаквоста прави луѓето да се концентрираат на самите нив, додека аристократијата ги тера луѓето да се поврзуваат едни со други и да станат меѓусебно зависни. Со зголемувањето на индивидуализмот на луѓето, нивниот интерес за грѓанските должности ќе се намали и тие се помалку ќе сакаат да ја уживаат слободата.

1407241490Другата смисла на материјализмот произлегува од традиционалното одрекување на демократиите од возвишените цели и идеи. Исто како и индивидуализмот, така и материјализмот може да ги натера луѓето да изгубат интерес кон граѓанските должности, дури до тој степен кога тие би се откажале од својата слобода доколку депотизмот осигури уредено општество и материјален просперитет. Тоа што Токвил го гледа како решение и полезна практика при сите тие деспотски тенденции се институциите чија цел е зачувувањето на слободата. Независниот суд и судската контрола играат значително голема улога, со тоа што тие може да прогласат одредени закони за неуставни, а Врховниот суд вусшност е единствениот контролен орган на тиранијата врз мнозинството. Судиите не се избираат, туку се поставуваат за цел живот што им овозможува поголема независнот при донесувањето одлуки без да внимаваат многу за јавното мислење. Институциите кои работат во градовите се силата на нацијата. Самата нација може да создаде слободна влада, но без грдски власти духот на слободата не би можел да заживее. Градовите се на прво место, потоа се областите, па државата. Неинституционалните средства кои помагаат во задржувањето на слободите во Америка се правото на здружување и се разбира, религијата. Пресот и здруженијата имаат потреба од комуникација на членовите, а истовремено и средство за ширење на нивните идеи и пораки.

Слободата не би можела да се оствари без религијата. Таму каде што политиката ослабнува, настапуваат моралните правила. Од друга страна пак, со здружувањето на луѓето во една заедница на луѓе со исто мислење се победува индивидуализмот, а помага и во матријалистичките тенденции, па луѓето се свртуваат повеќе кон духовното, отколку кон материјалните нешта.

Демократијата на Америка од самиот почеток, како што вели Токвил е определена од врската помеѓу слободата и еднаквоста во општеството, при што се зголемуваат и поволните и негативните услови за демократијата, за кои Токвил дава можни решенија. Самиот устав, од друга страна е речиси совршен за функционирањето на федералниот систем. Други нации, како Мексико се обиделе да го превземат уставот на соседните Англоамериканци, но безуспешно бидејќи не можеле да го усогласат механизмот на двојната влада, т.е суверинитетот на одделните држави и унијата.

Преку уставната перфектност, локалните слободи на луѓето и случајните фактори како географската положба и потекло на населението, САД успеале да оформат една релативно стабилна демократија да ги чува слободите во општеството.

 

Библиографија:

1. Toqueville, de Alexis. Democracy in America, ed. Mayer, J. P 1969. New York (Harper&Row)

2. Ahlstrom, E. Sidney. A Religious History of the American People,  1972. New Haven&London: Yale University Press Baird, Robert. Religion in America 1884. New York (Bedford, Massachusetts, 1977)



[1] De Tockville, Alexis. Democracy in America, ( ed. J. P Mayer) 1969. New York (p.25)

Тагови од објавата
1
Напишано од
More from РЕПЕР
Кога не држам камера, ја земам штицата за сурфање
Јас не сум многу комплициран, но морам да ги почувствувам страста во...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *