Индустриската револуција и големите градови во Америка


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/formats/format-standard.php on line 28
Бидејќи економијата и културата се нераскинливо поврзани, индустриската револуција не носи само економски, туку и културни промени.

usa

Периодот на рапиден технолошки напредок наречен Индустриска револуција започнува во Велика Британија во средината на осумнаестиот век, од каде се проширува насекаде во светот. За разлика од претходните револуции кои донеле општествени и политички промени, оваа револуција трасформирала многу држави од главно рурални земјоделски општества во модерни економии основани на индустриски развој. Индустриската револуција наоѓа особено плодна почва за развој за време на деветнаестиот век во Америка. По прогласувањето на независноста во 1776 год., Америка била претежно земја на фармери и занаетчии. Користејќи ги новите технолошки постигнувања, на почеткот на векот, Америка се претвора во место за дотогаш невидени можности за развој.

Промените во процесот на производство и дистрибуција започнуваат со ратификацијата на Уставот, кога се создаваат нови законски и политички услови во националната економија. Нови извори на енергија, како јагленот започнуваат да се користат во железничкиот сообраќај и заедно со телеграфот допринесуваат до брз, постојан и лесно достапен транспорт и комуникација. Американската економија расте особено брзо во периодот помеѓу 1790-та и 1840-та год. но промените допрва се случуваат. Бројот на трансакциите во производството и дистрибуцијата значително се зголемуваат со зголемувањето на бројот на населението од 3.9 до 17.1 милиони и со населувањето на западот. Претпријатијата претставувале единични фирми, но нивната специјализираност се проширила. Тие биле раководени од своите сопственици на традиционален начин. Три децении по Граѓанската војна, ситуацијата започнала да се менува не само во американската економија туку и во американскиот живот во целина.

Пред да настапи промената, производството и дистрибуцијата главно зависеле од традиционалните извори на енергија: човекот, животните и ветрот, што не водело до големи промени и иновации. Тој начин на работа значел помалку трансакции во процесот на дистрибуција. За време на 1970-тите, главниот дистрибутер, како и во колонијалниот период бил трговецот. Тој бил увозник и извозник, продавач на големо и мало, сопственик на бродови, банкар и осигурител. Со ратификацијата на Уставот, американските фирми потесно се специјализираат и во трговијата и во производството. Работата на трговецот ја вршеле разни фирми специјализирани за различни линии на производство како памук, пченица, лекови и други стоки. Пазарот се мести од локално на пошироко ниво. До 1790-тите, трговската пракса главно се засновала на британските, холандските и италијански практики од пред неколку века. Тие биле прилагодени на федералната политика на Америка за проширување на економијата користејќи ја работата на акционерските друштва создадени од Британија за време на колонизацијата.

Бидејќи економијата и културата се нераскинливо поврзани, индустриската револуција не носи само економски, туку и културни промени. Луѓето од руралните области почнуваат да се населуваат во големите индустриски центри како Њујорк, Филаделфија, Чикаго, Бостон итн. Во Нова Англија како и во некои други средни држави производството станува се’ потесно специјализирано. Памукот го шири земјоделското производство низ целиот регион, а најмногу во југот. Во 1789 год. Семјуел Слејтер ја меморизира машината за предење на памук и во 1790 год., тој и неговите пријатели ја основаат првата текстилна фабрика во САД. Четири години подоцна, Илај Витни ја измислил машината за преработка на памук со што се олеснува одделувањето на семето и влакната од памукот. Така, памукот врши огромно влијание врз американската трговија.

“Дотогаш најголемата трговија со памук овозможува Њујорк да стане водечки град во државата и допринесува до брзото опаѓање на работата на општиот трговец”[1]

Првите трговци со памук биле агенти на британски текстилни фирми кои соработувале со локалните трговци од југот за да добијат сиров памук. Трансатлантската трговија води кон специјализирано финансиско работење и појавата на брокерските куќи. Брокерите помагале во испораката на нарачката по завршувањето на главната трнасакција. По овој пример се појавиле и други единици со што се создале здружени, акционерски компании. Партнерството продолжува да биде легалниот начин за транспорт и финансиско работење на трговците и трговските претпријатија. Откако ги увиделе предностите на голем капитал вложен во банка, тие преминуват во корпорации со цел создавање поголем профит. Истовремено, се специјализира и надворешната трговија. По војната од 1812 год. трговските фирми започнуваат да профитираат од надворешна трговија со егзотични земји, особено со Кина и Индија.

И за надворешната и внатрешната трговија банките биле голема придобивка, па до 1862 год. владата на САД скоро и да не печатела банкноти и имало само одреден број монети. Мениците биле основното средство за трансакции.

За време на колонијалниот период, поголемиот дел од транспортот се вршел по вода. Со зголемувањето на трансатлантската трговија, бродовите редовно сообраќале од пристаништата на Њујорк и Ливерпул, Филаделфија и Лондон. До 1840 год. транспортот на стоката и луѓето главно се основал на животните и ветрот како ресурси. Иако Џејмс Ват ја патентира парната машина за текстилните фабрики, за транспорт таа почнува да се користи  во 1840 год., а првите железници се појавуваат во 1830-те.

Петнаесет години пред Граѓанската војна, технологиите за преработка на јаглен носат фундаментални промени во процесот на производство заедно со железницата и телеграфот. Во 1835 год. Семјуел Морс го измислува жичнот телеграф. Овие промени ја зголемуваат меѓузависноста на производството и дистрибуцијата.

Ликот на американските градови започнува да се менува дури и пред Граѓанската војна. Филаделфија е првата постојана населба во долината Делавер, формирана од  шведски, холандски и германски акционери во 1637 година. Во 1682 год. градот Филаделфија бил основан од Вилјам Пен. Тој поставил власти за контрола на пазарот. За време на колонијалниот период и Американската револуција, тоа е место и на првиот и на вториот Континентален конгрес. За време на индустриската револуција, градот станува центар за хартиена, кожна и индустрија за производство на обувки. Со технолошкиот развој, Филаделфија станува индустриски центар за железни цевки и гас, како и финансиски центар на државата.

Њујорк се развива како резултат на холандското неселување во долниот дел на Менхетен во 1613 год., наречен Њу Амстердам. По освојувањето на градот од страна на англичаните во 1664 год. се преименува во Њујорк. Со развојот на колониите растело и чувството за автономија. Каналот Ири бил направен во 1825 год. со што бродовите од Атлантскиот океан стигнувале до Големите езера. Тоа имало огромно влијание врз економијата на Њујорк. Пристаништата на Њујорк станале најфрекфентни во светот. Во текот на 1850-тите големиот глад во Ирска носи голем наплив на имигранти што брзо стануваат една четвртина од целата популација. Владини институции како полиција и јавни училишта биле отворени помеѓу 1840 год. и 1850 год. До 1835 год. Њујорк ја надминува Филаделфија како најголем град во САД. Многубројните улици и пруги го зголемуваат сообраќајот во градот. Американските градови брзо ги надминуваат европските. Тие биле отворен простор за неограничен индустриски развој каде се формираат претпријатија, складишта, товаришта, продавници и транспортни врски.

Еден од најневеројатните примери за рапиден развој и транзиција од трговски во индустриски центар е Чикаго. Од мал трговски град, по Граѓанската војна тој станува доминантен центар. Во 1871 год. голем пожар го уништува центарот, а бројот на населението од половина милион во 1880 год. тројно се зголемува во следните дваесет години. Чикаго станува средишна имерија за прехранбена, метална и транспортна индустрија. Заедно со Њујорк како главно пристаниште, тие се прошируваат на нови територии и региони.

Главните инструменти на корпоративниот живот, транспортот, комуникацијата, производството и дистрибуцијата биле поставени во центрите на градовите. Нивниот развој може да се спореди со тој на големите компании. Основната цел била консолидирање на што е можно повеќе сирови материјали на едно место и производсто на големо. Се во градовите било основано на производство и дистрибуција. Појавата на станбени згради и приватни фирми им дава на градовите изглед на центри на моќ и богатство. Железничките станици, судовите и стоковните куќи добиваат имеријални фасади во класичен, готски и ренесансен стил. Во  1898 год., модерниот Њујорк се формира со соединувањето на Бруклин, тогаш независен град, Менхетан и останатите соседни области.

Проширувањето било основната причина за рапидната промена. Во големите градови се уште постоела праксата за домаќински задачи што ги имала жената. Но, со зголемувањето на фабриките, кавартовите со работничка класа се зголемувале. Тие започнале се повеќе да зависат од пазарот, односно од нивниот труд за да може да си овозможат добар живот. Новата култура на големите градови значела ново искуство и нов начин на комуникација. Луѓето биле опкружени со нови слики, места и градби.

Индустриската револуција од деветнаесетиот век овозможува Америка да застане на чело на технолошкиот, индустриски и економски развој во светот. Од една страна, таа станува комбинација на технолошки иновации и голема емиграција од Европа и целиот свет. Енергијата, капиталот и пазарот водат до брза и голема промена во бројот на населението и богатството. Тој период на бум акумулира голема моќ. Од друга страна, модерниот град и регулираната економија ја зголемуваат општата добросостојба.

 

Библиографија

  1. Chandler, D. Alfred., The Visible Hand, The Managerial Revolution in American Business, 1997. The Belknap Press of Harward University Press Cambridge, Massachusetts and London, England
  2. Trachtenberg, Alan. The Incorporation of America, culture and Society in the Gilded Age,1992, Hill and Wang, New York
  3. Hudson, Pad. Industrial Revolution,1992, Oxford University Press, London
  4. Brezina, Corona. The Industrial Revolution in America, A primary Source History of America’s Transformation into Industrial Society,2005. New York
  5. https://www.msu.edu/user/brownlow/indrev.htm
  6. http://www.raken.com/american_wealth/Gilded_age_index.asp
  7. http://www.allsands.com/history/events/americanhistory_zlu_gn.htm
  8. http://americanhistory.about.com/od/industrialrev/a/indrevoverview.htm
  9. http://library.thinkquest.org/4132/info.htm

 



[1] Chandler, D. Alfred., The Visible Hand, The Managerial Revolution in American Business, 1997. The Belknap Press of Harward University Press Cambridge, Massachusetts and London, England pp.20

Тагови од објавата
1
Напишано од
More from РЕПЕР
Скинбој живее во градот
Џеј Ар Вилијамс е независен автор кој творел и објавувал во американската...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *