Висока е љубовта

Тој убавина има во душа / што бескрајно ја носи

 

ВИСОКА  Е ЉУБОВТА

Сакам да те стокмам
како слика зад кориците од книгите
што гледајки ја некогаш
ќе ме потсети на тебе.
Или да те уредам
до предметите стари и подароците роденденски
што допирајки ги некогаш
ќе ме потсетат на тебе.

Но, блиску е тоа за мојата љубов!
Јас ќе морам
да те закачам, да те испапчам дури,
некаде високо да те сместам,
високо до ридовите планински
и дрвјата чудесни,
што кон небесата надѕираат.
И не да се гледа, или догледува
туку да сјае,
во очи да пробива љубовта од таму.
Таму не допираат рацете,
и не догледуваат очите,
тоа е патот до срцето.
Вистина.
Висока е љубовта!

 

ВИОЛЕТОВА РОЗА И МОМЧЕ

Момче во црн костим сјаен,
чевли распрашени тој влече
пред езеро огледало крајно,
во рацете држи цвет таен.

Тој убавина има во душа
што бескрајно ја носи
и роза виолетова, елегија
што хипнотично погледот го коси.

До езеро сино и тивко
раздвижен е ветерот сал,
розата на Величенственоста,
го магепса момчето та веднаш
заигра со неа бал.

Таа роза…
Почит духовна и мистика што асоцира.
Таа божја боја…
нежност необична и тишина што во
срце креира.

Момчето и розата виолетова!
Виолетовата роза и момчето!
Љубовта и висините езотерични,
се споија како врвовите на планините
и сонцето во далечините,
и водите во длабочините.

Игра и танц со часови
тишина и блаженство без прекинувања,
почит како над сите гласови,
и круг на вечни милувања.

Мики Трајковски

Тагови од објавата
More from Мирослав Трајковски
Посета / Ветришта
Ги чувстуваме ветриштата / Кои носат многу размислувања / Нескротливи луњи во...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *