Феномени

Од природни феномени постои пролет. Светлина исто така.

Немам видено како изгледа искорнато ореово стебло сосе корења, но заедно со уште два пара раце имам прегрнато едно дрво во еден парк толку дебело што не успеавме го обгрнеме целото. Двесте-триста години за да се создаде. Дваесетина-триесет минути за да се искорне, пресече, пресоздаде.

Еден галантен хабердашер и мис брусхалтер со микро мини се бендисаа.

Имам запознаено познати, не толку познати луѓе и непознати луѓе. Кое доживување, секој до нив!

Како мали, кога ќе ни речеа дека е време за тргнување најмалку ни се идеше. Како повозрасни, кога е време за одење, најмалку ни се оди.

Од природни феномени постои пролет. Светлина исто така.

autumn-1827212_1280

Од брзање научив да ги обесувам испраните алишта за неколку минути, а штипки им ставам само на апсолутно неопходните. И онака оставаат траги по ќошевите.

Свеста и совеста многу често знаат сè да изнакажат. А во горките и тажни денови знаат и да молчат.

Во мојот животен век и возачка кариера не се сеќавам некому да сум свирнала со сирената.

На човека му треба семејство. Доволно се изнасамил низ вековите.

Духот е вековно битие.

Тагови од објавата
More from Адријана Ананиева
Pen-killer
It's a bad feeling alright but I don't know if it makes...
Повеќе
0 replies on “Феномени”