Има денови кога мислите летаат толку брзо што не можам ни една да фатам…
Она што нам ни е џунгла и Амазон, тоа на инсектите им е нашиот убаво искосен двор…
Врапчето ни е симпатично, ама гасеницата не го дели нашето мислење…
Кога писателите би биле писмени, лекторите не би постоеле…
Можеш да ми земеш колку сакаш, пак ќе имам сè…
Човек на човека му е мајмун…
Шизофренијата е како демократија…Секоја од нашите личности добива право да го каже своето мислење…
Животот е природна појава…
Не го убивајте времето,тоа е сè што имате…
Договорот е заедничка победа…
Вистинскиот пријател ти го врти грбот само за да го почешаш…