Романтизмот и демонизмот

Таков карактеристично роматичарски, амбивалентен пристап на демонскиот актер го наоѓаме само кај Лермонтов, чиј јунак покрај својата жед за морална преродба останува извор на деструкција.

Романтизмот како книжевен, уметнички и интелектуален спој претставува бунт против аристократијата и нормите кои политиката ги наметнувала. Романтизмот се случува во време на гигантски општествени потреси, граѓански движења а воедно и распад на феудализмот. Сето ова влијаело и на генералниот животен идеал. Од тука се јавува сентиментализмот и меланхолијата кои се карактеризираат на расположението на буржоазијата во пред револуционерните времиња, песимизмот кој ја зафаќа аристократијата со падот на буржоазиската револуција и падот на Наполеон. Доаѓа до откажување од идеалот за главната власт на разумот, се бара утеха во емоциите и акцентот се става на индивидуализмот. Граѓанската класа била водечката сила на романтичарското движење: Џорџ Гордон Бајрон, Алфонс де Ламартин, Михаил Јурјевич Лермонтов, Александар Сергеевич Пушкин, Перси Биш Шели и др. Романтизмот е реакција на идеологијата на класицизмот. Се отпуштаат спрегите на рационалистичките правила и прописи. Со романтизмот се дозволува слобода на мечтите, изумите. Ако се насочиме кон книжевноста, романтизмот ја негувал темата на личните прокупации за што сведочи целото лирско творештво од тој период. Најдобрите остварувања на романтизмот треба да се бараат токму во лириката. Романтичарите ги привлекува Средниот век и мистиката која се врзува со готските елементи. Тие се изворните облици на народното творештво и духот.

Демонизам

Уште кај старите Грци, „демон“ претставувало божество на добар или лош дух врзан за судбината на еден човек. „По еден демон бдее над секој човек“ е една воочлива реплика која се провлекува низ романтизмот, како и поделбата на добро и зло.
Ако се осврнеме на еден друг сосема различен пример, кога на еден екуменски собир, еден православен свештеник поднесувајќи извештај составен по принципот „повеќе зборови, помалку дела!“, неочекувано ја нарушил екуменската практика споменувајќи дека постојат темни сили – демони. Реакцијата на присутните во салата била едногласна, потсмевајќи се на тоа како на некоја шега: „Значи, тој е жив“. Зар ноќното привидение на ѓаволот не исчезнало во светлината на денешната цивилизација и култура, како сенка, што исчезнува со доаѓањето на новиот ден.
Хуманизмот, кој имаше за задача да го потврди достоинството и слободата на човекот, всушност го посрамоти. Хуманизмот го класифицира демонизмот како вродено својство на човекот, а неговата душа, на која и е наметнат називот „потсвест“, ја претставува како живеалиште на некакви притаени чудовишта, змејови кои час спијат, час се будат и плукаат црни пламени на гордоста, походите и злото. Човекот станува демон за тие што го опкружуваат, иако ние најчесто го гледаме ситниот, похотен и злонамерен дух. За таа аполошка одбрана на сатаната, посебно се погрижил Фројд, „таткото“ на современата психологија. Според Фројд, филозофските дела, уметничките творби, поезијата, па дури и човековите јунаштва, се само „сјајни петелски перја кои имаат за цел да го привлечат вниманието на кокошките“. Сите неврози и психички болести, сите историски потреси, според неговата теорија се само последица на сексуално незадоволство. Според Фројд, сите религии, вклучувајќи го и христијанството, се колективна хистерија на сексуалниот карактер. Каде е местото за демон во човекот, кога самиот човек станал архидемон.
Но затоа, преку примерот на Лермонтов ќе дојдеме до поврзаноста меѓу темата на демонизмот во суштината на романтизмот. Извонредното дело на Лермонтов „Демонот“ е исклучителен пример за ова истражување. Кога Лермонтов го прочитал класичниот еп на Милтон „Изгубен рај“ (Paradise Lost, 1667) М.Ј.Лермонтов се опседнал со темата на демонизмот, па во таа смисла доминантен дел од неговиот корпус можеме да го поврзаме повеќе или помалку со експлицитното истражување на литерарните потенцијални идеи за демонското. Почнувајќи од песните од неговата младост „Мојот демон“ (1829), која во духот на роматичарскиот занес го слави застрашувачкиот и величествен, дух на осамениот „демон“. Но за нас многу поважен е Лермонтовиот „Демон“ објавен во 1860 година после неговата смрт (во меѓувреме меѓу читателите кружела во ракописни копии). Причината поради која со цензура толку долго се пролонгирала објавата на поемата е тоа што Лермонтов многу пати ја преработувал поемата, и повеќекратно го менувал крајот.

Романтичарски демонизам: убавината и проклетството

Рускиот романтизам почнал интензивно да се занимава со темата на демонизмот во 1830тите години, фокусирајќи се околу нејзината репетативна и опонентна симболика на црпење инспирација од христијански извори (земја и небо, рај и пекол, Бог и ѓаволот). Во преминот од XVIII во XIX век, во европската книжевност се јавува тенденција кон осовременување на „сатанската“ или денес по позната под терминот „демонска“ фигура која под влијание на Милтоновиот еп кој во тоа време еманципирал како литерарен класик – станала премногу комплексна да би можела да се поистовети со христијанскиот „зол дух“.
Демонот подоцна го карактеризирале како убав и истовремено засташувачки бунтовник кој неможејќи да најде мир, дава отпор кон авторитетите, еднакво како и кон медиокритетите – принуден на зло.
Во многу книжевни дела во романтизмот, тригерот е токму фаталниот јунак со проклета судбина, чија главна карактеристика е деструктивноста – како кон самиот себе, така и кон луѓето од неговата околина. Внатре во еден јунак, се сплотени особеностите на љубовта и проклетството, убавината и болката (што станува речиси предуслов за љубовната врска). Милтоновиот „демон“, како и подоцнежните романтичарски демони (било во човечки или фантастичен облик) се убави и величествени во своето зло, при што проклетиот карактер на убавината одговара на проклетиот карактерот на љубовта. Овде мора да се додадат и јунаковите квалитативни (мисловни и емоционални) поединости и изолираноста (гениј наспроти масата, оригиналноста наспроти репетитивноста и слично.) што со себе го носи презирот кон светот, но и проклетството. Наведените карактеристики секако исклучително потенцирано аплицираат на ликот на „демонот“ како проклетник и истовремено прогонет дух. Демонскиот лик исто така е во постојана потрага за автентична емоционалност и крајна индивидуална слобода, поради своите неостарени намери.
Ако повторно се вратиме на Лермонтовиот „Демон“ кој е претставен како амбивалентен, со внатрешно двојство е лик чија емоционалност (во епски размери) е склона кон доброто, иако својот идентитен го црпи исклучително од злото. Во таа смисла индикативниот опис на Демоновата „астрална“ двојност се гледа како ефектна метафора на неприпаѓање и изолираност.
Мотивот на паднатиот ангел во романтизмот често е контаминиран со античкиот мотив на побуната на титаните, посебно ликот на Прометеј кој се еманципира со раните описи за мрачни, „подземни“ сили. Прометеј и Демонот (Сатаната / Ѓаволот) ги делат сродните карактеристики: побуна против авторитетот на Бог, проклетство и прогонство. Но меѓу нив постојат и круцијални разлики: Прометејевата побуна е мотивирана од несебичноста да помогне на луѓето, додека Демонот се бунтува од егоистични причини, гордост и завист.
Тие два ликови овозможиле на роматизмот импутирање на познатите прометејски карактеристики во демноските ликови (или ликовите со „демонски комплекс“ ккој често фунцкионираат како алтер его на самите писатели).
Лермонтовиот „Демон“ во телесна смисла е далеко појак од своите средновековни и ренесансни претходници (еросот се сведува на еден „фатален“ бакнеж), мотивацијата за женското заведување мораме да го бараме на друго место: самиот Демон ја толкува својата желба кон посакуваната Тамара како вистинска љубов чија сила може да го преобрази.

Демонот како (анти)јунак во романтичарските дела

Под влијание на граѓанските револуции против политичките поредоци во Европа, но и стогодишната симбиоза на општеството и христијанство, „демонот“ во уметноста станал јунак – или барем анти – јунак, кој понекогаш намерно бил претставен како хиперболизација со негативни карактеристики истовремено останува и симпатетички лик, кој благодарејќи на својот потенцијал на бунтовност и жед по пробивање на крајните граници, макар и по цена на сопствен, неизбежен пораз. Наспроти традиционалното „феудално зло“ кој е согледуван како разбојник против законскиот владар, романтичарското индивидуалистичко зло „демонот“ станал симбол на борбата против тиранијата и лицемерството кој во романтизмот често го истоветувале со маченик. Од друга страна, роматизмот го задржува и одредениот сензибилитет на сфаќање на „демонот“ како репрезент на деструктивните сили како во светот така и во врнатрешноста на секој поединец воопшто.
Таков карактеристично роматичарски, амбивалентен пристап на демонскиот актер го наоѓаме само кај Лермонтов, чиј јунак покрај својата жед за морална преродба останува извор на деструкција. Автобиографски инспириран, фантастичниот актер во поемата го наоѓаме како роматичарска идеа на проклетството на поединецот, опис на општествената криза која се јавува како резултат на неостварани желби и непомирливи емоции како јуначка поема, така и неговиот автор. Покрај „Демоновиот“ астрален ентитет на краен емоционален опсег, тој е подеднакво и човек. „Демонот“ кој го создал Лермонтов има жива и детална моќ, која е непрекинлива затоа што со неа е ветен поредокот на светот по неговиот пад!

Тагови од објавата
Напишано од
More from Ирена Трајкова
:Романот „Фо“ од Џ.М.Куци: (1)
„Историографската метафикција ја одржува разликата меѓу своето формално (само)претставување и својот историски...
Повеќе
0 replies on “Романтизмот и демонизмот”