-
Франко Фортини, (1917-1994) псевдоним на Франко Латес, презиме со еврејско потекло, е италијански поет, писател, преведувач, есеист, книжевен критичар и марксистички интелектуалец. Ги превел Брехт, Милтон, Пруст, Кафка, Елијар, Флобер, Жид, Гете.
А ти
А ти дај ми ја дланката
твојата мила дланка која ме утешува.
Чекори уште пред мене за последниот
трепет, пред превезот. Сокриј го
со личноста знакот,
дрвената направа и чемерот, влажната
бездна, во туѓата мугра. И погледни се
себеси, која знаеш и се насмевнуваш.
Јазичен дневник
Нема да се угледам на никого освен на себеси, Пазолини.
Помртов од свет напев
возвишениот буржоаски јазик е мојот јазик.
Нема да се запознам само себеси самиот
туку и сите во мене. Мојот затвор
гледа повеќе од твојата слобода.
Превод: Наташа Сарџоска