Песни од Ели Урбина

Одвратна материја. Расцепена супстанција. / Отаде другата темнина, во сеќавањето, едно лице / вреска разоружано. Дали во неговото име е и името на мојата рана?

СПЕРЛИВО ПРЕТЧУВСТВО

 

Постои сперливо претчувство

што ја надминува

прашалната жед за копнеж,

тајната бездна на раната.

Тоа е импулсна целосна вжештеност,

сензуален претсмртен здив,

бессонен бодеж болка.

Изопаченост.

Поглед на опседнато животно

што ја плете дебелината на темнината.

 

Во средиштето на неговиот длабок лавиринт

ниту споменот на љубовта

ниту смислата на моралот

ниту што и да е друго не е важно,

само плотта,

само нејзината црна вечност,

привлечноста

вжаренашто те впива.

 

 

 

ПРИВИД

 

В мугри, восветлината на уличните ламби,

со поглед кон напуштената улица

мислам на ходникот

на Боромини во палатата Спада.

 

Како тојходник, охкутраздодеана душо,

што те заведува со својата должина

поосмислената среќа налукавата перспектива,

светлината од екранот те маѓепсува

без починка ни одмор, сее во тебе самозаборав.

 

Целата твоја историја се преобразува неутешно

во овој раздорен симулакрум,

апсолутно владеење на сликата над окото.

 

 

 

ПОД ОВА ЧУДНО НЕБО

 

Под ова чудно небо втонато во тишина

ја сечам темнината со тмурен потег на четка.

 

Неизмерна песочна област ме опкружува, се протега

над шуплината на светот, исполнува сè со отсуство.

 

Исправен простум во болката се мешам со прашината

во кружни движења, постојано во спротивна насока.

 

Времето не е време, а сепак одеднаш поминува.

 

Трепери од несигурностсрцевината на мојата дланка,

заплеткана мембрана од корења, глуво се издолжува.

 

Брза, речиси замрзната вжештеностсе крева, избувнува.

 

Насилен е земниот трескот на немирот.

Премногу усти, камен, шајка. Премногу очи, стакло, коса.

 

Секој трпнеж е неизмерлив рез.

Секој чекор ми селепизакоравен со вина.

 

Одвратна материја. Расцепена супстанција.

Отаде другата темнина, во сеќавањето, едно лице

вреска разоружано. Дали во неговото име е и името на мојата рана?

 

Залудно го сечам ѕидот на плотта во оваа сенка.

Сето ова е беспомошност, болка што никогаш не престанува.

 

 

Препев од шпански: Наташа Сарџоска

Тагови од објавата
Напишано од
0 replies on “Песни од Ели Урбина”