Кон „Мојата сестра, сериски убиец“ од Ојинкан Брејтвејт

Сестрите Ајола и Кореде се тотално спротивни во еден поглед, сосем исти во друг. Едната убавица, сопственичка на моден бренд и опседната со социјални мрежи, другата повеќепати повторува дека не е убава како сестра ѝ, но интелигентна е и работи како главна сестра во позната болница.

Колку далеку би одела една сестра за да ја заштити другата? Книгава одлично ја развива токму таа тема.
Дејството се одвива во Нигерија, во семејство кое е наведено како моќно и богато, но по смртта на таткото, воедно и глава на семејството, нивното влијание и животен стил одат во надолна линија. Кон влијанието што родителот го има врз однесувањето и постапките на децата, сме навратени повеќепати во текот на книгата, дури и со одредена аверзија кон сеќавањата на него, јасно отсликани во сцената на планирање на поменот на таткото, кога тетката е таа што инсистира поменот да се одржи на одредена позната локација, а мајката се согласува бидејќи што ќе кажеле луѓето за другата опција е важно за нив.
Понатаму ги имаме размислувањата на сестрата за ножот, оставен во наследство од таткото, за тоа како овој предмет можеби ја памети целта за која бил користен од претходниот сопственик (лично мислам дека овој дел од книгата имаше мошне интересни согледувања). На ножот ќе се потсетиме во повеќе наврати.
Сестрите Ајола и Кореде се тотално спротивни во еден поглед, сосем исти во друг. Едната убавица, сопственичка на моден бренд и опседната со социјални мрежи, другата повеќепати повторува дека не е убава како сестра ѝ, но интелигентна е и работи како главна сестра во позната болница. Површно различни, но длабоко внатре најсилна е сестринската врска и подготвени се на сè за да се заштитат една со друга. Моето согледување е дека едната е потајно љубоморна на другата, а вистинските чуства ќе се покажат во една од клучните сцени кон крајот на приказната. А, спомнав ли дека едната од нив добива многу повеќе внимание од семејството отколку другата?
Да не должам повеќе… Севкупно, солиден трилер со посебен акцент на комплицираните семејни односи. Веќе ја препорачав на неколку луѓе на кои сум сигурна дека ќе им се допадне.

Тагови од објавата
More from Стефани Табаковска
Кон „Баба ми ве поздравува и ви се извинува“ од Фредрик Бакман
Ќе пуштите солза за ова мало храбро дете, ќе се восхитувате на...
Повеќе
0 replies on “Кон „Мојата сестра, сериски убиец“ од Ојинкан Брејтвејт”