Кон „Но и јас“ од Делфин де Виган

Една топла приказна која го содржи семејството во сите облици, со сите среќни, но и тажни моменти. Приказна за тоа како едно дете ја доживува загубата во семејството.

Кон „Но и јас“ од Делфин де Виган

„Можеме да пратиме суперсонични авиони да летаат на небото и да пратиме ракети во вселената, способни сме да утврдиме кој е злосторник само врз основа на едно влакно или на отпечаток, можеме да одгледаме домат што може три недели да стои во фрижидер и да не потемни и кожата воопшто да не му се набере, и способни сме да ставиме милијарди информации во еден микроскопски чип. Исто така, способни сме да ги оставиме луѓето да умрат на улица.“

Ова е приказна за едно пријателство и две деца. Малечката и супер интелигентна Лу Бертињак, чие семејство се соочува со страшна загуба и малку повозрасната Нолвен, или скратено Но, која живее на улица. Тие две можеби и никогаш не би се сретнале да не беше училишниот проект на Лу, и нејзиниот обид да пишува за бездомниците. Обидувајќи се за да запознае некој бездомник да го интервјуира, таа налетува на Но, млада девојка која живее на улица. Лу во неа гледа пријателка, некој на кој може да му помогне, но и некој кој може да ѝ помогне нејзе, да избега од сивилото на домот во кој царува депресијата и тагата. А, Но е млада девојка со која животот сурово си поиграл, која живее од денес за утре, која се прашува дали ќе има следен оброк и дали вечер ќе има каде да преспие.
НО И ЈАС е една малечка книгичка која длабоко ќе ве трогне и ќе ве замисли. Една топла приказна која го содржи семејството во сите облици, со сите среќни, но и тажни моменти. Приказна за тоа како едно дете ја доживува загубата во семејството. Ова е и приказна за луѓето кои живеат на улица, кои немаат покрив над глава, кои немаат кој да ги заштити, кој да ги праша „како си“. Ова е шлаканица за општеството, за бездушноста, за моќта, за тоа да се биде горе без да се погледне што се случува долу.
Најтопла препорака од мене!

Тагови од објавата
More from Марина Стевковска
Рецензија за романот „Деца на злото“ од Миодраг Мајиќ
Никола Бобиќ е класичен антихерој, адвокат кој ги знае дупките во законот,...
Повеќе
0 replies on “Кон „Но и јас“ од Делфин де Виган”