Не верувам во награди. Но, оваа награда ме израдува многу. Не затоа што книгата на Румена Бужаровска заслужува награда на кој јазик и да е објавена. Оваа книга е револуционерна книга против патријархатот и заслужува да биде објавена и читана на сите јазици во светот. Тоа е книга со хумор, горчина, ритам, смеа и меланхолија. Тоа е одлична книга. И во исто време политичка книга.
Заедно со содржината на книгата политички е и нејзиниот превод. На ГРЧКИ. Од МАКЕДОНСКИ. Книгата на Румена не е првиот примерок од македонска литература што е преведен на грчки јазик. Таа, сепак, прва ја наведе забранетата фраза „превод од македонски“. Оваа мала волшебна фраза „од македонски“ беше за мене, и за многу пријатели и читатели во мојата земја, голем чекор. Речиси дваесет и пет години од постоењето на македонскиот јазик, тој беше оспорувано од официјалните политички и академски тела на Грција со разни неверојатни, неисториски, ненаучни и високонационалистички тврдења. Овојпат одлуката беше цврста: Ќе пишуваме „од македонски“. Затоа што дојде време, со овој превод, да започне нова ера на односи, дијалог, размени меѓу нашите две земји. Како што се сеќавам на мојот полнолетен живот по моите студии, чувствував дека морам да посветам сè повеќе енергија на акциите против национализмот што ме опкружуваше сè повеќе и повеќе – борбата против национализмот, верувам, беше залог на мојата сопствена генерација. Далеку сме од тоа да го освоиме. Но, направивме важен чекор. Затоа ова признание овде, денес, ми е толку драгоцено. Тоа е трогателна награда за која ви благодарам многу и искрено.
Александра Јоаниду, 2.10.2023 г.