ЗА „ЖЕНИТЕ ШТО ТРЧААТ СО ВОЛЦИТЕ“ ОД КЛАРИСА ПИНКОЛА ЕСТЕС
„Богата, зачинета чорба за да ги нахрани сите жени што се чувствуваат исцрпено, замолчено, без енергија или едноставно уморно. Ако се најдете во овој опис, земете една чинија од чорбата на Естес за да го излечите она што таа го нарекува hambre del alma, прегладнетост на душата, и читајте… Жените што трчаат со волците е феминистички манифест за сите жени без оглед на возраста, убедувањето или религијата, за да се вратат на своите… корени. Погледнете во огледалото… Естес тврди дека нашите сличности ги надминуваат разликите… Таа е cantadora, curandera, бабица, ментор.“
„Хиспаник магазин“ (Hispanic Magazine)
„Како што го читав ова, една Циганка лесно ме допре по левото рамо, ме однесе преку собата како да месечари и извади изгребана грамофонска снимка на Ма Рејни (Ma Rainey) која ја пее Не верувај никому (Trust No Man), Беси Смит (Bessie Smith) со Токму овде е за тебе (It’s Right Here for You) и Сејнт Луиз блуз (St. Louis Blues) и Ида Кокс (Ida Cox) која ја пее Дивите жени немаат блуз (Wild Women Don’t Have the Blues). ’Зборувај за архетипите‘, ми рече, кога ја стави плочата на грамофонот: ’Естес отиде таму и се врати‘.“
Кларибел Алгерија (Claribel Algeria), авторка на „Семеен албум: герилските песни на Ел Салвадор“ (Family Album: Guerilla Poems of El Salvador)
„Преку митови, бајки и долги ’разговори за душата‘, Естес ги враќа во живот дивите запоставени места на женската психа. Ова е инспиративна и сочувствителна книга.“
Жил Кешфорд (Jules Cashford)
Јунговски аналитичар, Лондон
Коавтор на „Митот за божицата“ (The Myth od the Goddess)
„Д-р Естес… поминува големи територии во своето дело – од суштината на психата до целосен спектар на човечкото искуство. Таа е поет што навлегува во длабочината на овие зборови со акутен интелектуален, интуитивен и спиритуален увид. Таа е хуманист што го собира она што го забележала во силна прегратка. На крај, таа е cantadora – чувар на приказни – која… со радост ќе патува во психичките области каде што престојуваат нејзините приказни и ќе врати една од нив за да ја употреби како моќен лек. Каква скапоценост е таа.“
Журнал за психолошки перспективи (Psychological Perspectives Journal)
„Клариса Пинкола Естес создала, со мудроста, борбата и богатството на својот живот, еден исклучителен текст во Жените што трчаат со волците. Како јунговски аналитичар, поет и cantadora, ја отворила доминантната култура и ги изложила нејзините митови, а во овој процес, ни дала нови. Со секоја приказна, ако се осмелиме да се соочиме со својата дива природа, почнуваме ископување на душата. Храброста на д-р Естес да ја демаскира вистината ни овозможува да ја сфатиме и сопствената вистина. Таа бара, преку длабочината на ова храбро и свето дело, како жени да се соочиме со она од кое најмногу се плашиме, нашата сопствена моќ. Верувам дека ова е книга во која и преку која растеме.“
Тери Темпест Вилијамс (Terry Tempest Williams), автор на „Засолниште“ (Refuge)
„Мојот примерок од Жените што трчаат со волците ми дојде како подарок од некој што не само што ме познаваше добро туку и добро ме сакаше. ’Ти треба ова‘, ми рече таа. Кога конечно, далеку од дома и ужасно исцрпена, ја извадив книгата и нурнав во неа, сфатив дека беше во право. Естес дава приказна како храна… витална за преживувањето на душата. Она што го направила Клариса Пинкола Естес е повеќе од давање приказни и параболи со кои конструираме посилни јас. Таа не само што ни дала визија за животот како споделен подвиг, за женското срце не само во борба, туку и како живо и отворено за надеж. Ова е книга што и јас им ја давам на оние што ги сакам.“
Дороти Алисон (Dorothy Allison), автор на „Копилете од Каролина“ (Bastard Out of Carolina)
„Ова е извонредна книга! Д-р Пинкола Естес погодила право во темниот богат центар. Ѝ благодарам!“
Натали Голдберг (Natalie Goldberg), автор на „Дивиот ум“ (Wild Mind) и „Долгиот тивок автопат“ (Long Quiet Highway)
„Фасцинантна збирка на трансформативни приказни со феминистички ориентирани интерпретации, истовремено и просветлувачки и зајакнувачки за секоја жена во потрага по својот внатрешен дух.“
Барбара Г. Вокер (Barbara G. Walker), автор на „Женска енциклопедија на митови и тајни“ (The Woman’s Encyclopedia of Myths and Secrets)
„Ова е дело на роден поет, пророчко, спасоносно и блескаво со природната молитва на душата… Воодушевена сум од неговата флуидност што се движи меѓу јазиците на спиритуалноста, митот и медицината, со толкава јасност и храброст. Никој ова не го напишал порано, никој не се осмелил да помине толку многу граници на мислата.“
Каролин Форше (Carolyn Forché), автор на „Земјата меѓу нас“ (The Country Between Us)
„Со милениуми, луѓето се собрале околу огнот да слушнат зборови што пренесувале тешко здобиена мудрост и овозможувале соништа со неограничени можности. Во еден модерен свет што мудроста ја ограничува на ’факти‘, а го ограничува дури и пристапот на жената кон нив, д-р Естес го вратила огнот, за сите нас.“
Глорија Стејнем (Gloria Steinem), автор на „Револуцијата однатре“ (Revolution from Within)
„Со лирска моќ и грациозност, Клариса Пинкола Естес ја пренесува древната мудрост на нашите предци и применува современ поглед поради кој овие приказни скокаат со значење за нашите духовно гладни души. Таа ги кани и жените и мажите во доменот на Духот на вистината, Духот што исцелува, буди, предизвикува, поврзува и насмејува. Оваа книга ќе ја почитуваат генерации што доаѓаат, како едно од вистински длабоките духовни сведоштва на нашето време.“
Метју Фокс (Matthew Fox), автор на „Првичниот благослов“ (Original Blessing)
„Ретки се научниците што го имаат и талентот на поет раскажувач, како што покажува Естес со таква бескрајна елоквентност. Ова е современ кодекс, исклучително скапоцен не само поради својата бескрајна мудрост туку и поради своето богатство и владеење на јазикот. Клариса Пинкола Естес е извонреден писател.“
Ана Кастијо (Ana Castillo), автор на „Татко ми беше Толтек“ (My Father Was a Toltec)