Низ уметничката призма на Дијана Богдановска

Галерија од делата на Дијана Богдановска, млада и успешна македонска уметничка.

¦Ф¦¬¦¦¦¬-¦¦¦-¦¬¦-¦-¦¬TШ¦--¦У¦-¦¬¦¬TЗ¦-¦¬¦¦-2012

Дијана Богдановска, роденa на 5 мај 1984 година, во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на отсекот сликарство, насока – конзервација и реставрација, во класата на Антони Мазневски. Во 2012 година се запишува на родови студии на Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје. Учествувала на повеќе групни изложби, работилници и колонии, како во државава така и пошироко (САД, БиХ, Србија, Турција и Австрија). Нејзин интерес како уметничка е интердисциплинарниот пристап во областа на традиционалните и на новите медиуми. Исто така, во фокусот на нејзиниот интерес спаѓа и појавата на апсолутна сиромаштија. Коренот на проблемов го детектира во моќните корпорациски феномени. Од другата страна на овој општествен проблем, како женски уметник, таа ја истражува можноста за радикални промени во општеството: субјективитетот, телото, сексуалноста, родот, дискурсот на феминизмот во уметноста. Најчесто го користи и своето тело како медиум. Електронска адреса: veronika.diagram@gmail.com.

¦Ъ¦-¦¦¦---¦б¦-TА¦-¦-¦-TВ¦¦¦--TБ¦--¦Р¦-¦--¦Ы

Запишана во 1999 година, уште од средното уметничко училиште ги развив сликарските вештини, кои потоа  ги усовршив подоцна на ФЛУ – Скопје.  Моментално се занимавам со современата теорија на ИССХС,  со што ќе ги заокружам потполно своето долгогодишно образование и практика.  Она што ми беше предизвик за време на студирањето се оние формални академски стеги и можеби апсолутното ограничување и влијание на 20 век. Сакам да ги напуштам сите правци на докажување во уметноста и изгледам малку повеќе ослободено и радикално, што значи дека повеќе себеси не си докажувам традиционални вештини. Она што моментално се ослободува од мене како уметничка практика се проблемите на младиот човек и општеството, кои се одраз на мојот живот, но јас сум сликата и за многу други млади луѓе што живеат во неправда и во десолација. Јас само сакам да ја покажам нашата заедничка монументална слика со телото како  болнички белег, дрско и измачено.  Тоа го правам за сите нас, а не само за себе, бидејќи уметникот треба да биде гласен.
Мојата уметност понекогаш е критикувана како антиуметност бидејќи јас не ги вадам од папка своите слики и цртежи, затоа што сметам дека тие останаа како архивски документ за едно друго време. Ако во иднина добијам порив да се навратам на тие медиуми, секако дека го чекам тој момент, ми недостига, но засега сè уште се истражувам себеси. Иако со концептуалната фотографија за првпат излегов на друштвената мрежа „Мај спејц“, никогаш не престанав да работам со тој медиум. Но сега крвтта и медицинските помагала не се мојата објектифизација, преминав на суровата реалност.  Им благодарам на „Репер“ и на Митко Гогов за несебичната поддршка во рубриката „Култура“.

Тагови од објавата
,
Напишано од
More from РЕПЕР
Филмот е мојот начин на постоење
Моето оружје сум јас, актерите преку себе соопштуваат некои други ликови.
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *