Не земај што е туѓо

Една кратка приказна, па кој ќе ја прочита ќе си најде по нешто во неа.

Биди фраер и направи нешто без некој да ти каже или поучи. На пример, отвори и врата на госпоѓата чии раце се зафатени со премногу работи, кажи добар ден на возачот на автобус, извини се ако доцниш (всушност, фраер си ако дојдеш порано од закажаното време), исполни домашна обврска пред да биде зададена, направи услуга некому без да ја побара од тебе.

Она што ќе го оставиш зад себе, ќе го најдеш пред себе. Остави добро, за да најдеш добро. Така и во тебе самиот ќе се случуваат убави нешта. Остави лошо и ќе најдеш лошо. Така и во тебе, ужас. А мирот не се наоѓа надвор, тука внатре.

Една кратка приказна, па кој ќе ја прочита ќе си најде по нешто во неа.

Не земај што е туѓо. Една стара корејска приказна вели, си бил еден човек кој отишол во шумата да насече дрва. Насекол што насекол, се изморил и отишол до реката да се освежи. Арно ама, секирата како што немарно ја оставил, пропаднала во реката, а тој нурнал по неа да ја бара. Барал ли барал, ама кутриот ништо не нашол. Горко си заплакал. Та го слушнала неговиот плач речната самовила и излегла да го праша што се случува. Се подисплашил кога ја видел, но и одговорил дека единствената секира која ја имал пропаднала во водата и сега нема со што да си го заработува лебот за себе и своето семејство. Му рекла дека ќе ја најде секирата во реката и ќе му ја донесе. По некое време дошла таа носејќи златна секира. – Оваа ли е твојата секира? – го прашала самовилата. – Не е оваа мојата – одговорил човекот.

Повторно нурнала самовилата и овој пат извлекла сребрена секира од реката. Го прашала, дали таа е неговата секира, на што човекот одговорил дека ни оваа не е неговата. По трет пат нурнала и кога се појавила в рака ја носела старата секира на човекот. Овој пат тој се израдувал кога ја видел својата секира и од срце и заблагодарил. Самовилата му рекла, поради тоа што ја кажал вистината, таа му ги подарува трите секири и златната и сребрената и неговата, обична секира. Тој ги продал златната и сребрената и се збогатил.

Некој друг дрвосечач ја чул приказната, отишол на реката и намерно ја испуштил својата секира. Се преправал дека плаче. Го слушнала самовилата и се појавила пред него. Го прашала зошто плаче, а тој и одговорил дека ја изгубил секирата во реката. Нурнала самовилата и извлекла златна секира. Го прашала – Твојата ли е?

Мојата е – и одговорил дрвосечачот. На овој одговор самовилата исчезнала. Човекот останал без ништо.

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Динамизмот наспроти статичноста во уметноста
О, вистина е, динамичното го победува статичното.
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *