Сала(та) преполна со публика


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/formats/format-standard.php on line 28
Многу често во нашите медиуми ќе сретнеме реченици од типот: ...

Многу често во нашите медиуми ќе сретнеме реченици од типот: Претставата изведена во преполната со публика сала траеше три часа, или: Претставата изведена во со публика преполната сала траеше три часа. Познато е дека во македонскиот јазик, во составите од придавка и именка, почесто придавката е на прво место (преполна сала), додека пак примерите во кои именката доаѓа прва (сала преполна) се, така да кажеме, попоетски или на некој друг начин стилски обележени. Сепак, тоа не важи и за случаите со развиени определби, поради што горенаведените примери се неприродни и неприфатливи за нашиот јазик.

audience

Во првата реченица – Претставата изведена во преполната со публика сала траеше три часа – е целосно нарушена, односно прекината, врската меѓу придавката и именката. Поради тоа, таа е целосно неприфатлива во нашиот јазик и тој збороред не би требало да се практикува.

Истото би можело да се каже и за реченицата од типот: Претставата изведена во преполната сала со публика траеше три часа. Тука, пак, е прекината врската меѓу придавката и дополнителната определба, затоа што не е јасно со што била преполна салата, односно определбата преполна со публика претставува неразделна целина и не треба да се прекинува.

Втората реченица – Претставата изведена во со публика преполната сала траеше три часа – можеби и може да се прифати како стилски обележена (со оглед на тоа што не постои никакво нарушување на врските во неа), но тука како проблем се јавува натрупувањето на предлозите: во и со се наоѓаат еден до друг, поради што и оваа реченица не звучи природно.

Значи, најсоодветно е, во овие случаи, именката да биде прва. Така се добиваат две варијанти: Претставата изведена во салата со публика преполна траеше три часа, и: Претставата изведена во салата преполна со публика траеше три часа.

Првата варијанта – Претставата изведена во салата со публика преполна траеше три часа – би можеле да ја прифатиме единствено како стилски обележена. Оттаму, најправилно е да се каже: Претставата изведена во салата преполна со публика траеше три часа.

Истото се однесува и на оние случаи во кои е определбата модификувана со некој прилог за време. Таквите примери се чести во нашата јазична практика: На вчера објавениот напис, пејачот реагираше со следните зборови… Овој збороред не е прифатлив за нашиот јазик; препорачлив е следниот збороред: На написот објавен вчера, пејачот реагираше со следните зборови…

Своите јазични препораки испратете ги на: mak.katce@gmail.com.

Тагови од објавата
, , , ,
1
Напишано од
More from РЕПЕР
Зошто во Македонија сум како дома
Вечната насмевка на Македонците ти помага да мислиш дека кај нив си...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *