Расказ
Слушнати приказни
од Џјиа ПингваВо илјада деветстотини четириесет и четвртата година, за време на војната со Јапонија, Јапонците навлегле во коријата и ги опколиле ослободителите, па ги фатиле овие тројца да им го покажуваат патот. Кога поминувале низ некој предел завеан со снег, некој Кинез требал да го гази снегот за да го отвора патот. Од овие тројца, еден морал да умре. Јапонците покажале на оној што се давел и рекле: „Ти да кажеш кој ќе оди.“