Има и такви што ќе сетат расцеп в умот / зашто е тегобно кога гордото море, кревките врзопи, / ѕунењето на возилата, расудувањето на луѓето, / сѐ, сѐ, сѐ ни говори за исчезнатите ствари / што никој повеќе не ги чека.
Кога какаш не си свесен за миризбата во тоалетот / но доколку излезеш и повторно влезеш – „те удара јако“. / Истото се случува и кога ќе се вратиш во Марседонија.
Одвратна материја. Расцепена супстанција. / Отаде другата темнина, во сеќавањето, едно лице / вреска разоружано. Дали во неговото име е и името на мојата рана?
И иако се далеку од трамбулините / со свила на Парижанките со долги нозе / кружат околу Сена уште од Сан Дени / се собираат бројни кај метро станиците.
Остави ги човеку тривијалните разговори / И мислите од кои денот ти се затемнува / Предај ѝ ги на водата сите тежини / за да го видиш сонцето поубаво во зората.