Се чини, на ниво на поетика, современата книжевност, го напушта постмодерното експериментирање, прекумерното цизелирање, и се повеќе развива потреба од ургентно толкување на Животот овде и сега.
На првата страна на тетратката стоеше големиот стилизиран број 24, трудољубиво исцртан со црно пенкало. Под него се наоѓаа цитат и вовед во дневникот на Вида, вовед во нејзиното патување и воедно вовед во неговата истрага.
…како возрасно дете буричка по светот околу себе, го отсокрива, го препокрива, покажува на работи очигледни а заборавени, или заматени од премногу зашербетена лага…
Тие што ги праќаат сопствените сеќавања на брановите на поезијата за да ги пробудат, за да ги освежат нашите подзаборавени доживувања, тие што во занесот на создавањето не се прашуваат зошто и за кого создаваат…