број 113-114

Кон „Ана“ од Николо Аманити

од

Е сега, прашањето е зошто Аманити ги одбрал само децата, зошто го одбрал светот во кој нас нè нема, во кој ние возрасните сме жртви?!
Затоа што целиот животински, па ако сакате и растителен свет, живее во симбиоза, ОСВЕН човекот! Затоа што алчноста ќе нè убие!

Местата каде што се раѓаат романите

од

Ана, пак, решив да ја преточам во телевизиска серија зашто ми бараше и понатаму да живее, бараше уште искуства и авантури што во книгата не можеше да ги искуси. Сценариото е поотворено, има повеќе ликови.

Опасна мисија

од

Најмногу мразам да купувам голи јаболка изложени на избирање и на корона, па ги купувам оние што се спакувани. И портокалите се голи, ах, леле, сè ќе треба да се мие… што ме потсети дека треба да купам нови сунѓери за миење садови затоа што, велат стручњаците, опасно е да се користат повеќе од една недела, можеби најдобро секој ден да се менуваат?!

Ренесансата – точка во која се спојуваат минатото и иднината

од

Полскиот математичар и астроном, Никола Коперник, забележал дека Земјата се врти околу Сонцето. Италијанецот Галилео Галилеј дал дополнителни аргументи. Англичанецот Исак Њутн ја открил гравитацијата. Алберт Ајнштајн работел на неговата теорија за релативитет. Тоа била европска трка низ вековите.

Македонски, а, о, и

од

Ги подгледнуваме со нелагодност кога цариникот од нашата страна нѐ прашува дали имаме нешто да пријавиме. Се царини ли оваа придавка што се пишува со мала буква, ова безимено чувство на помала вредност, купено за заштедата на татко ми, со поранешно југословенска гаранција од седумдесеттите?

Дабови

од

Црната обвивка на ноќта долго време тројцата ги повиваше. Ги криеше и штитеше од лоши ѕверови и дамнешни демони. Демони срцесмрзнувачки, крвопијачки. Само што, вечерва, не знаеја кој демон во кој миг душите ќе им ги испие, вените ќе им ги исуши.

Извинете, кого барате / Карантин / Куќата на камен

од

Заради еден микроорганизам прогласивме пандемија, воведовме полициски час, карантин. Светска економска криза. Сега е веќе доцна. Настапи ноќта. Работите се извршуваат додека е ден. Пророштвото почна да се остварува.