Број 117-118

Кон „Модар накит“ од Катарина Винклер

од

„Во нашата долина живеат стотици модри жени. Има светломодри, како мајка му на Некла, и темномодри, како мајка му на Фидан, има модроцрвени и модроцрни жени. Има жени што своите модрини ги носат околу вратот како обрачи во вдлабнатината под грлото како медалјон, на некои модрините им се на рацете, како алки околу зглобовите од дланките или стапалата.“

Кон „Во сенката на злосторот“ од Хелена Хеншен

од

Се среќаваат еден ден на островот каде што двете фамилии имаат викендички и еден во друг го пронаоѓаат тоа што им фали, стануваат неразделни. Софи е добра за Фредерик, но Фредерик не е за Софи. Додека двајцата се малолетни Софи забременува а бракот не е одобрен од двете страни.

Кон „Деца на злото“ од Миодраг Мајиќ

од

Овој ракопис во суштина претставува еден вид практика за сето она што теоријата го премолчува. Начинот на кој се спроведува правдата. Лажниот сензационализам во медиумите. Спроведување постапки пред државните органи. Финансиски криминал. Покривање на случаите. Подметнување докази.

Рецензија за „Не правете им сенка на гробовите“ од Дијана Петрова

од

Она што навистина ме привлече е атмосферата што ја создаваат расказите на Дијана Петрова. Така што на моменти тие како да водат дијалог со „Преобразба“ на Кафка. Исто така, тие како да градат паралелен универзум со овој во кој живееме и кој го познаваме (барем мислиме дека го познаваме).

Господе, дај ми љубов / Црковниот отец / Лебот насушен / Благодатен оган

од

Поради пандемијата верниците влегуваа во црквите во мал број. Се собираа двајца по двајца за причест додека другите чекаа надвор. Градот личеше како во апокалипсата – празен пустош.

ПЕПЕЛНИК ВО ЕДЕН ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ – Славој Жижек

од

Уште Фројд знаел за врската помеѓу нарцизмот и претопувањето во толпа, која најдобро ја прикажува токму калифорниската фраза „да се сподели искуство“. Ова совпаѓање на спротивставени особености се темели на исклучувањето дека споделуваат: човек не само што може да биде, човек е сам во толпа.

Осврт за „Лавр“ од Евгениј Водолазкин

од

Приказна за љубовта, за жртвувањето, за нашите слабости и гревови, за вербата во доброто и исправното. На сите нас животот ни пружа шанси, на некои повеќе, на некои помалку, да го победиме злото и да се издигнеме над него.

Крвав наслов / Сакам тостер / Орхидеја во карантин

од

„Здраво“, ми вели пивото, „Ќе ме испиеш?“ „Да.“ „Но јас сакам да си играме“, ми вели. „Сеедно“, му одговарам и го испивам на екс. Вадам ново пиво. Истата приказна. Доаѓа точката и ме прашува дали може и таа да добие едно. Секако. Доаѓа завесата: истото прашање. Да. Доаѓа листот хартија: сака ракија. Нема проблем.

Црвено и зелено

од

„Ова е амајлија од баба ми. Ми ја даде пред да умре. Знаеш, таа беше по потекло домородка. Нејзиното племе, Пујума, се занимавало многу со магија. Дедото нејзин бил врач и пред да умре и ја дал оваа амајлија на баба ми и и рекол дека има магична моќ на носење среќа.“