Број 119-120
Рецензија за „Куќата на џамијата“ од Кадер Абдолах
од Јована Матевска АтанасоваДодека човек ја чита, и тој живее во куќата на џамијата, јаде од ручекот што Зинат Ханум го подготвува, а го претставува бегството од сопствената беда и обвинување, со секој залак како да ја прежива нејзината проектирана вина, или го гледа Гуштерот, несреќното дете што плаќа за гревовите на своите родители и предци, како доползува низ вратата бесшумно во ноќта.
Рецензија за „Порој од пепел“ од Исток Улчар
од Мања ВеличковскаКонечното бестрашно претставување на смртта на злото во неговото присвојувањево „Порој од пепел“ е возвишен епилог на недвосмисленото обожување на колективната декаденција, како ангажирана реакција за трансформација на негативните животни полнежи во потенцијалот за грижа дури и за најладнокрвните вгнездени демони.
За посебната линија на несоницата: За „Несоници“ од Ерол Туфан
од Александра ЈуруковскаВо ерата во која живееме, кога секоја информација е лесно достапна информација на само еден клик, но испразнета од знаење, „Несониците“ на Ерол Туфан се и мотивирачки и предупредувачки, бидејќи одбираат и потсетуваат на многу мудри мисли од големи умови: Еден ден секој/ Макар и за 15 минути ќе стане славен (Енди Ворхол).