Геопоетиката се соединува со митопоетиката: за поетот-номад се суштински едноставните големи нешта – Сонцето, Ѕвездите, Елементите, Жената – оние што учествуваа во создавањето на Првичниот Свет и на Првата Песна. Стареејќи биолошки, номадот духовно се подмладува, се враќа кон своето прапостоење.