број 97
КОЛЕДЕ 1964 год.
од Љубен КонескиИ така цела вечер ништо не прозборев, целиот се бев внел во ова чудо на техниката наречено телевизор. Ова за мене беше како направа излезена од моите соништа. Гледав ситуации, луѓе и настани кои се случуваа речиси во сегашноста а јас ги доживував како да се случуваат до мене во собата во која седев. Тоа во мојата глава предизвукуваше конфликт на она на што бев навикнат и она што сега го следав со свои очи. Никогаш не бев чул дека ова е можно.