Ја распакувам мојата библиотека. Да. Книгите сè уште не се на полиците, сè уште не се допрени од слабата здодевност на редот. Не можам да чекорам покрај нивната низа, ниту пак да ѝ ги дадам на разгледување на пријателската публика.
Преводот е форма. За да се разбере како форма мора да се вратиме на оригиналот, зашто овој го содржи законот што го раководи преводот: неговата преводливост.
Ако внимателно го прочитате овој есеј и ако ги примените принципите за кои зборува, ќе можете да напишете расказ. Сфаќањето што подразбира еден добар расказ се разликува од читател до читател.
Приказните што овде ќе ги раскажам се мои лични приказни, но се инспирирани од текстовите на Горан Стефановски. Tие немаат секогаш директна врска со него.
Корените на погледите за овој сегмент или фаза од задгробното патување на душата, според некои, е можно да се согледаат уште во древната еврејска ритуална практика на „дарување на мртвите“.
Зошто потребата да се измислуваат приказни, зарем реалноста не е доволно интересна да го задржи подолго време нашето внимание или, пак, авторите имаат потреба да го напишат она коешто сакаат, а не можат да го изживеат и доживеат?