Немања Стојковиќ – Блеки е роден 1986 година во Врање. Дел е од зборникот „ARTE stih 1“ и е еден од уредниците на интернационалниот зборник „Писанија“.
Романот е една голема или една мала држава. Има свои закони, свои жители, свои пари, кои понекогаш важат и надвор од земјата, а понекогаш не важат. Романот има свои брегови и граници, своја војна и свој мир, свое време…
Деже Костолањи е еден од најистакнатите писатели на унгарската книжевност. Има еднакво значајни достигнувања како поет, прозаист, преведувач и како есеист.
Дали може да си претставите книга составена од 100 романи, а секој „роман“ да биде долг само две страници? Тоа го постигнал Манганели со овие лежерни, комични, шармантни и луцидни приказни.