Мојте 5 минути! КОНЕЧНО!

Драги пријатеље на ФБ! Негде накај 9.30 саато ми стигна меил од извесен Раул Аја Адебамбе (за тии шо не знаат станува збор за принцо на Нигерија).

nigerija

Драги пријатеље на ФБ!

Сабајле добијах една радосна вест за коо оште треперам целио од среќа дудека тва го пишувам…А среќата не е цела ак не га сподељаш со други, нели? Имајќи у предвид оти се наваѓам на раскрсница у живото и не знам декаа пато, тва ми дојде у вистинско време. Ама да не изигравам Грк и дужам ного, ја зашо се работе:

Негде накај 9.30 саато ми стигна меил од извесен Раул Аја Адебамбе (за тии шо не знаат станува збор за принцо на Нигерија). Как и секој скептик, прво се питах как мее го најдел мејло да ми пише, ама после ми текна оти со најновата апликација шо излезе денеска може да виде кој моо го гледал профило, па решил да ми даде шанса и се заинтересирал за мене. Мелјо имаше интересна содржина коо вика оти му треба помош за трансфер на голема сума на пари и оти јас може да му помогнам. Очигледно сум бил човек од доверба, цитирам: ‘a trustworthy and honest soul’, шо значи оти стварно не е рандом мелјо, него ме чите. За чувек как мене, нуде 30 % од неговото богатство (шо е сума од милионе доларе), коо може да га повлечам од ‘inflated inheritance deposit claim’. Сѐ шо треба да напраам е да ги остаам мојте лични податоце и број на картичка за трансакциита да биде успешна. Е саа пред да ми кажате оти тва е измама и не е точно, да ви кажам оти си го заврших домашното на нет и проверих оти Нигерија стварно е имала принц. Плус нема логика да е измама. Мисљам кој будала дава толкава сума на пари ак е измама у питање? Треба да си глуп да не веруваш…И убаво си вика на крајта оти трансакциита е 110 % сигурна! Поголема гаранција од таа на Амди Бајрам! Така да знаате оти сум решен да одам до крај и станам богат, славен и кај Кети да сум главен. За вас шо секојпат ме подржуваате, сакам да ви кажам оти сум благодарен од срце и тва никојпат нема да ви го забраам. Ќе ви порачам само: трпение-спасение! Значи ак не чууте ништо од мене у скоро време, не се плашејте, најверојатно сам на Сејшелските Острове, пиејќи мохито и слушајќи го Улрих Шнаус. Ак не, поздрав и се слушаме!

Напишано од
More from РЕПЕР
Скопјe има уште една преубава книжарница!
Новиот продажно-изложбен салон на „Антолог“ почна со работа на 1 септември на...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *