Веге компир по македонски

Многу вкусен ручек... може како прилог да се додаде и туршија во зимски услови. А за месарите - и некое месо по вкус.

gurman1

Состојки

500г компир
3-4 кромидки…големина од око
200г кравјо сирење (може било какво, а може и со урда)
2дл млеко
1 јајце
неколку суви пиперки
крупна морска сол и бибер по вкус
маслиново масло
нане по желба

gurman 2 (1)

Подготовка

1. Компирот и кромидот се сецкаат на кругови, се ронат пиперката и сирењето, а јајцето се мати заедно со млекото.

2. Ватростално тафче се премачкува со малку масло каде прво се редат компирите, а потоа кромидот.

3. Сирењето и пиперките се истураат одозгора.

4. Се реди уште еден ред компири.

5. На крај, содржината се полева со изматеното јајце и млеко.

6. Се наросува со малку нане. (мирудија по желба)

7. На крај се додаваат сол и бибер, но секако не треба да се претерува.

8. Садот се покрива и се става во загреана рерна на 250 степени каде се пече 15 минути.

9. Потоа се намалува на 200 степени и се пече додека не пожолтат компирите (проба-боцни компирче)

gurman 2 (2)gurman 2 (3)gurman 2 (4)

gurman 2 (5)

Преземено од karas4training.com/mk

Напишано од
More from РЕПЕР
Кон книгата „Зборообразувајќи ги местата“ од Ирен Ниг
Кон книгата „Зборообразувајќи ги местата“ од Ирен Ниг (Лихтенштајн), добитник на Наградата...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *