Радовишки маџун

Од серијата насловена како „Радовишки рецепти“ ви претставуваме рецепт за подготовка на радовишки маџун.

9673_4969376793898_305568039_n

Потребни состојки:

една тиква-печалка;

10 кг бело грозје;

половина кг вар;

лимон;

ореви;

мескумбе;

шеќер;

лимонтус.

Подготовка:

Тиквата се става во варова вода да стои една ноќ, а потоа убаво се мие од варта и се одварува 20 минути. Се вери шербет од шеќерот и од водата, па тиквата се става да се вари во него, а грозјето се додава по еден час. Се додава лимонтус.

Маџунот се вари 4 часа, а готов е кога шербетот е густ. Се додава еден ситно исечкан лимон, а по желба и ореви и мескумбе. Стариот маџун има боја на килибар и мирис на мескембе.

Напишано од
More from РЕПЕР
Уметноста не е за секого
Иако изгледа како загрозен вид во ова лудило од време, кое постојано...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *