Мозаикот наречен Македонија


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/formats/format-standard.php on line 28
Се чувствувам тука како дома, бидејќи секој што сум го сретнала направи да се чувствувам толку добредојдена.

IMG_8258

ДОМА

Зошто во Македонија сум како дома исто како таму од каде што доаѓам?

Се чувствувам тука како дома, бидејќи секој што сум го сретнала направи да се чувствувам толку добредојдена. Во секој хотел што сум престојувала, со секој човек што сум разговарала, секогаш луѓето ги оставале своите работи за да се осигурат дека престојот ми е удобен.

ШЕТАМ

Кое место е најубаво?

За време на мојот престој во Македонија немав прилика да пропатувам низ целата земја. Но едно од моите омилени искуства беше кога пешачев од врвот на планината Водно до кањонот Матка. Од она што го видов во Македонија, мислам дека тоа е најдоброто место. Сакам да пешачам, а кај мене дома, во Канада, не постои место кое е толку близу до мојата куќа. Тоа беше убаво искуство – да можеш да се тргнеш на долго пешачење кое започнува од твојата влезната врата!

ХРАНА

Од храна секогаш нарачувам…?

Шопска салата. Мислам дека сирењето создава зависност…

УМЕТНОСТ

Уметничко дело што ќе го паметам барем едно дваесет години…?

Отидов на џез концерт минатиот понеделник, и тоа беше неверојатно. Мислам дека ќе се сеќавам на него за сосема долго време.

АВАНТУРА

Највозбудливата случка во Македонија…

Параглајдинг! Минатата среда за првпат бев во Охрид и на Охридското езеро, и тоа беше неверојатно! Тоа е дефинитивно највозбудливото нешто што ми се случи на ова патување.

IMG_8407

ЛУЃЕ

Се дружам со…?

Се дружам со многу музичари откако сум овде. Сите тие се многу интересни кога се разговара со нив и ме запознаа со навистина одлична македонска музика.

СЕПАК

Што би сменила во Македонија?

Не е толку многу до променувањето колку што е до подобрувањето. Имам алергија на пченица и затоа треба да се користам храна која не содржи глутен. Во Скопје се изгубив двапати обидувајќи се да ја најдам загадочната продавница во којашто наводно се продава храна која не содржи глутен, и на единственото друго место што продава таква храна јас можев да најдам само мафини и тестенини. Значи, кога ќе се вратам повторно во Македонија,би била навистина пресреќна кога би имало повеќе места каде што би можела да најдам храна што не содржи глутен.

САМО

Што е тоа што само тука го има и никаде на друго место?

Вие имате неверојатна мешавина од културни влијанија во Македонија. Можете да ги видите влијанијата од Србија, Албанија, Грција и Отоманската империја, и сето тоа во само еден град! Со сите овие влијанија, Македонија стана навистина единствен ентитет што успеа да ги вклопи сите овие парчиња и делчиња во културата како свои.

Ема Бидер e студентка по журналистика во Утрехт, Холандија.

1
Напишано од
More from РЕПЕР
Најчести грешки при употребата на глаголскиот прилог
Глаголскиот прилог е нелична глаголска форма што се образува со додавање на...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *