Мирко Илиќ (1956) е роден во Босна. Професионалната дизајнерска кариера ја започнал во Европа како илустратор и уметнички директор на бројни постери, обвивки од музички албуми и стрипови. Во 1986 г. заминува за САД каде што работи како водечки илустратор за списанија и весници. Добитник е на бројни награди за своите стрипови и илустрации, а моментално предава дизајн во Њујорк.