Индија – онаква каква што навистина е, а не онаква каква што е во индиските сапунски серии

Ќе видите една култура што е многу поразлична од нашата.

Во овој број на „Репер“ ви претставуваме галерија со аматерски фотографии што го претставуваат секојдневието на градот Колката, попознат под старото име Калкута – главниот град на индиската држава Западен Бенгал. Каклута се наоѓа во источна Индија, на источниот брег на реката Хухли. Градот има речиси шест милиони жители, а со областа околу градот и преку четиринаесет милиони, со што станува третата најголема градска агломерација и четврт град по големинаво Индија.

Со овие фотографии, немаме цел да ви ги претставиме индиската архитектура или индиската култура онака како што се прикажани во неколкуте музеи што ги има во Калкута. Со овие фотографии, сакаме да ви го прикажеме секојдневието на улиците во овој индиски град, со сите противречности и контрасти што ги има на нив. Од овие фотографии ќе можете да видите и како најчесто им минува речиси секој ден на луѓето во Калкута – нешто што е составен дел на индиската култура. Накратко, ќе го видите индиското секојдневие, но реално, а не онакво како што е прикажано во индиските сапунски серии. Ќе видите и луѓе што живеат во сиромаштија, но умеат да бидат среќни, луѓе што се борат за опстанок, но и луѓе што стравуваат дека ќе умрат од глад и дека некое утро ќе завршат во контејнерите за безживотни човекови тела, кои се наоѓаат на неколку краеви во градот. Ќе видите и хаос во кој Индијците умеат да го создадат својот ред, метеж во кој се обидуваат да излезат на крај… Ќе видите една култура што е многу поразлична од нашата. Меѓутоа, да не должиме, нема потреба ние да ви кажуваме многу, фотографиите кажуваат сè.

Фотографиите се на Иван Антоновски, направени во текот на јануари 2012 година, кога беше претставник на Република Македонија на Светскиот поетски фестивал во Калкута, Индија.

Напишано од
More from РЕПЕР
Кон книгата „Зборообразувајќи ги местата“ од Ирен Ниг
Кон книгата „Зборообразувајќи ги местата“ од Ирен Ниг (Лихтенштајн), добитник на Наградата...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *