Нова епизода на сезонско смути. Праските со количина доминираа во оваа комбинација, но сепак со бојата успеа да преовлада боровинката. Крајниот резултат беше многу вкусно и здраво смути. Вреди да се проба!
Состојки
околу 1 кг праски
мала китка зеленолисест зеленчук (блитва, спанаќ и сл.)
грст ореви
2 банани
50-70г боровинки
1 лажица гоџи бобинки
1 лажица чиа семе
малку корен од ѓумбир (свеж или во прав)
100-200мл вода
свежо нане
Подготовка
1. Покрупното овошје се сецка на помали парчиња, а потоа сите продукти се ставаат во блендер.
2. Се додава водата и се пасира додека не се добие хомогена смеса.
3. Смутито е готово, уживајте!
Преземено од пријателскиот портал karas4training.com/mk