За себе уметникот кој твори под псевдонимот Lunarbaboon вели: „Некаде во 1980-те години една жена водеше љубов со вселенски мајмун. Осум месеци подоцна се родив јас, Месечевиот бабун.“
Lunarbaboon е женет и има едно дете. Работи како наставник и живее живот сличен на оној на северноамериканските човечки суштества. Се преправа дека е фин кон нив, но во суштина не ги сака повеќето луѓе. Моментално живее во Торонто, град полн со човеколики креатури.