За солзи-радосници ги признавам само оние шо течат меѓу нозете.
И мене ме фати шопинг-треска. Два леба зедов место еден.
Партизанките во ПМС се најзаслужни за победата над фашизмот.
„Макс фактор“ прават маскара шо ги прави трепките да изгледаат трипати подолги. Можда е време да почнат да прават и кондоми.
За да не се заразам со сексуално пренесливи болести, најзаслужни се оние што ме одбиваат.
„Кога Болт ќе заврши за 9.69, сите му аплаудираат; кога јас ќе завршам за 9.69, треба да се објаснувам“ via Македонско здружение за лица кои патат од прерана ејакулација.
Го гледав финалето во дигање тегови и уште не знам дали беше во машка или женска конкуренција.
Шо ќе ми е кола шо ги остава жените без здив? Поарно ќе си најдам некоја со астма.
Ко мал ја прочитав цела енциклопедија „Свет око нас“ и нигде не пишеше дека околу нас има толку кретени.
Мојте мислат дека мојата опсесија со конспирации ги премина сите граници. Се чудам само колку им плаќат масоните да ми зборват така.
Едвај чекам да излезам вечер за да можиме сите во друштвото заедно да седиме на интернет на телефон в кафич.
Родителите на Александар Македонски сигурно биле нездрави. Кој нормален му дава име на дете по аеродром?
Ништо не е како што изгледа. Освен турбофолкот, тој е стварно моронски како што изгледа.
Храната богата со влакна била добра за здравјето. Вероватно зато шо ко ќе најдиш влакно, престанваш да јадиш, па избегнуваш прејадување.