Книжевните скулптурални торнада на Алиша Мартин

Разиграни книжни скулптури кои фасцинираат со динамика, форма и со начинот на кој го ангажираат просторот...

Не е првпат да пишуваме за книжни скулптури или инсталации. Претходно зборувавме за инсталациите на Томас Ехгартер и Анок Круитхоф, а во овој новогодишен број на списанието Репер ќе ја претставиме работата на Алиша Мартин.

а7
Овие разиграни книжни скулптури фасцинираат со нивната динамика, со нивната форма, со начинот на кој го ангажираат просторот во кој се поставени.

Алиша Мартин, концептуална уметница базирана во Мадрид го привлече окото на фановите на современата уметност со нејзиниот проект наречен „Biografías“, скулптура од книги што всушност наликува на случајна парада на книги или поплава од книги што се појавила на ѕидот на една зграда. Ако убаво погледнеме во нејзиното портфолио, лесно може да се види и препознае дека овој уметник има остро око за конфигурирање на книгите, нејзиниот пристап во голема мера деконструктивно и мегаломански го редифинира просторот со нејзините композиции. Таа навидум лесно прави целосна трансформација на околината во која решила да интервенира.

Без разлика дали нејзините масивни, скулпторски инсталации се обвиткани околу дрвја, ги распукуваат ѕидови на една зграда, или се едноставно поставени како импозантни, огромни тркала во облик на книжна структура, има многу да се каже за работата на Мартин. Секоја инсталација е достојна и вредна да се застане пред неа и да се размислува. Тежината и надреалниот квалитет на секоја соодветна инсталација бара вниманието и евентуална можност да се биде во нивна близина. За проекти со ваков и сличен концепт реалното присуство е задолжително. Има нешто како скриен глас во нас што постојано вика: „Погледни го ова!“, а тоа се однесува буквално за сите проекти.

а8
Таа направи бура од 5000 книги што истовремено беа исфрлени низ прозорец, исто така вивна книжна пирамида високо во облаците. Нејзините идеи се колоритни, шокантни, таа прави мегаломански книжевни торнада. Таа со нејзината работа и структура дава живот на неживи објекти полни знаење. Изградбата на нејзините кривулести кули постојано ги возбудуваат луѓето што се во постојана потрага по добра уметност. Таа создава поприлично слободна и неуредна надворешност, додека одржливоста е „поткована“ со огромни метални јадра. Страниците на книгите се најчесто лабаво поставени, па така може да се слушнат како шушкаат и свират на ветрот. Прикачените книги со помош на метално јадро или со метална мрежа пренесуваат една од најсилните пораки што уметниците со овој и сличен концепт се обидуваат да ја пренесат, а тоа е: покажувањето и докажувањето на светот колку се всушност книгите важни за културата и образованието.
Нашите животи се полни со знаење и различни мисли, книгите претставуваат „материјал“ што е совршен за креирање универзални објекти. Нејзината „неуредност“ ги привлекува уметничките критичари и куратори да зборуваат за нејзината работа, која секако е уникатна, автентична и препознатлива.

[nggallery id=35]

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Театарски фотографии
Во овој број, екипата на „Репер“ ви претставува избор од театарските фотографии...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *