Гигантски инсекти дувнати од ветрот

По плажите на Делфт, холандскиот скулптор Тео Јансен, автор со речиси триесетгодишно искуство, создава скулпторни креации кои ги пушта “да трчаат“ по ветрот.

По плажите на Делфт, каде всушност живее и работи, холандскиот скулптор Тео Јансен, автор со речиси триесетгодишно искуство, создава скулпторни креации кои ги пушта “да трчаат“по ветрот.

Ова се најчудните животни кои сте ги виделе, наликуваат на гигантски инсекти со рефрактирани нозе кои потсетуваат на оние како на скакулците, односно тенки клечковидни форми кои со помош на ветрот се движат по плажите на Северното Море. Од “напојувањето“ кое го добиваат од ветрот, заедно со употребата на платно некогаш, тие ја имаат можноста да се движат, речиси исто како леталата кои лебдат во небото или оние мали детски играчки кои се вртат постојано во круг.

Кинетичка уметност која ја истражува уште во периодот од 1990 година, па наваму.

[vsw id=”bm9ogKlqF24″ source=”youtube” width=”590″ height=”344″ autoplay=”no”]

Материјалот од кој се изработени се всушност пластични цевки. Секоја сабота и недела Јансен ги вади своите инсекти на прошетка пред крајбрежниот ресторант De Fuut и заедно со сопственикот уживаат во атракцијата на овој извонреден концептуален изум.

Јансен е по потекло од Шевенинген, мал пристанишен град на север од Делфт. Студирал физика на Технолошкиот универзитет во Делфт, но ги напуштил студиите во 1974 година. Досега има создадено десетици животни, менувајќи ја нивната ДНК, односно должината на цевките.

Јансен патува со овие креации ширум светот, досега ги покажал во Франција, Јапонија, Тајван, Австралија, Аргентина. Од неговиот сајт се гледа дека демонстрацијата на овие атрактивни инсекти движени од ветрот се одржува само во летните месеци, а приливот од дојденци е толку голем што се наметнуваат прелиминарни резервации.

[nggallery id=28]
Тагови од објавата
, , ,
Напишано од
More from РЕПЕР
Македонија – земја на поезијата
На 9 август заминав од Словачка.
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *