Како писателите ги навредуваат писателите?

Следува избор на триесет жестоки навреди што писателите си ги имаат упатено едни на други.

Значи, писателите едноставно не се навредуваат меѓусебно на начинот на кој сме навикнати во секојдневниот живот. Се навредува и денес, но се чини дека тие навреди не може да се споредат со жестоките навреди од минатото. Разбирливо е, секако, дека писателите можат да ги изразат своите чувства на повпечатлив начин со оглед на природата на својата професија. А исто така има смисла и да се верува дека состојбата на оние што си допуштиле себеси така да го изразуваат мислењето за другите што се занимаваат со истата работа со која се занимаваат тие – само полошо, според нивното мислење – е една од најфрустрирачките што ги познаваме. И затоа ќе им ја опростиме огорченоста на нашите драги писатели. Следува избор на триесет жестоки навреди што писателите си ги имаат упатено едни на други.

30. Гистав Флобер за Жорж Санд:

„Голема крава полна мастило“.

p30

29. Роберт Луис Стивенсон за Волт Витмен:

„…како големо искубанокуче, коњ, штотуку пуштено од синџирот, душка на сите страни на овој свет и лае на месечината“.

p29

28. Фридрих Ниче за Данте Алигиери:

„Хиена што пишува поезија на надгробни споменици“.

p28

27. Харолд Блум за Џоан Роулинг (2000):

„Како да ја прочитате Хари Потер и волшебниот камен? Па, многу бргу од почетокот и можеби така ќе стигнете до крајот. А зошто да ја прочитате? Најверојатно затоа што, ако не се наведете самите себеси да прочитате нешто подобро, тогаш Роулинг ќе го направи тоа“.

p27

26. Владимир Набоков за Фјодор Достоевски:

„Недостигот на вкус кај Достоевски, неговото монотоно занимавање со ликови што страдаат од предфројдовски комплекс и што пливаат во трагичните незгоди на човечкото достоинство – сето тоа тешко дека е за восхит“.

p26

25. Гертруда Штајн за Езра Поунд:

„Толкувач на селата. Одличен ако сте биле на село. Ако не сте биле – не е“.

p25

24. Вирџинија Вулф за Олдос Хаксли:

„Сè свежо, несварено и во знак на протест“.

p24

23. Херберт Џорџ за Џорџ Бернард Шо:

„Дете-идиот што вреска во болница“.

p23

22. Џозеф Конрад за Дејвид Херберт Лоренс:

„Обично ѓубре и ништо друго освен непристојност“.

p22

21. Лорд Бајрон за Џон Китс (1820):

„Еве, Џон Китс напиша креветска поезија и три новели, а самиот Бог знае кому… Доста веќе за Китс… Јас ве молам, одерете го жив; ако некој од вас не сака, тогаш јас лично ќе го направам тоа, не постои причина да го трпам тоа идиотско блуење“.

21

20. Владимир Набоков за Џозеф Конрад:

„Не можам да го трпам Конрадовиот стил преполн продавници за сувенири, бродови во шише и ѓердан од романтични клишеа“.

p20

19. Дилан Томас за Радјард Киплинг:

„Господин Киплинг стои пред сите во својот неморален свет за кој би сакал да е поинаков“.

p19

18. Ралф Емерсон за Џејн Остин:

„Романите на госпоѓица Остин… ми се чинат вулгарни во нијанси, стерилни во уметничката инвенција, заробени во бедните конвенции на англиското општество, без генијалност, без духовитост и без какви било сознанија за светот. Никаде животот не е толку стегнат и тесен. Единствен проблем во умот на писателката е – како да се омажиш“.

p18

17. Мартин Ејмис за Мигел Сервантес:

„Читањето на Дон Кихот може да се спореди со неодредена посета од страна на најнеочекуваниот постар роднина со сите негови шеги, валкани навики, несопирливи сеќавања и ужасни соработници. Кога завршува доживувањето и кога старото момче ќе провери сè (на стр. 846 – приказната цврсто се заковува, без простор за дијалог), ќе пролеете солзи; не поради жалење или поради олеснување, туку од гордост. Сте успеале и покрај сè што претставува Дон Кихот“.

p17

16. Шарл Бодлер за Волтер (1864):

„Мојатаздодеаност порасна во Франција – а главната причина е тоа што овде сите личат на Волтер… кралот на будалштините, принцот на површноста, антиуметник и застапник на женската послуга“.

p16

15. Вилијам Фокнер за Ернест Хемингвеј:

„Тој никогаш нема употребено збор што би го принудил читателот да посегне по речник“.

p15

14. Ернест Хемингвеј за Вилијам Фокнер:

„Кутриот Фокнер… зар навистина мисли дека големите чувства произлегуваат од големи зборови?“

p14

13. Гор Видал за Труман Капоте:

„Тој е полнокрвна домаќинка од Канзас со сите свои предрасуди“.

p13

12. Оскар Вајлд за Александар Поуп:

„Постојат две причини зошто да не се сака поезијата. Првата е – зашто не се сака, а втората – зашто се чита Александар Поуп“.

p12

11. Владимир Набоков за Ернест Хемингвеј (1972):

„Што се однесува на Хемингвеј, првпат го читав во раните четириесетти… нешто за камбани, за топки и за бикови… се згнасив“.

p11

10. Хенри Џејмс за Едгар Алан По (1876):

„Ентузијазмот за делата на По е знак на примитивна етапа на размислување“.

p10

9. Труман Капоте за Џек Керуак:

„Тој не пишува, тој само чука на машина за пишување“.

p9

8. Елизабет Бишоп за Џером Дејвид Селинџер:

„Ја мразев Ловец во ’ржта. Ми требаа денови за да поминам низ книгата, претпазливо, страница по страница, и црвенеев од срам поради секоја негова смешна реченица. Како му дозволиле да го направи тоа?“

p8

7. Дејвид Херберт Лоренс за Херман Мелвил:

„Никој не може повеќе да личи на кловн, да биде понесмасен и помисловен во лошиот вкус од Херман Мелвил, дури и во голем роман каков што е Моби Дик… Исцрпување на една голема тема. Постои нешто лажно во сето тоа. И тоа е Мелвил“.

p7

6. Вистен Хју Оден за Роберт Браунинг:

„Не мислам дека Роберт Браунинг бил добар во кревет. Неговата жена веројатно не се грижела многу за него. Тој ’рчел и имал фантазии за дванаесетгодишни девојчиња“.

p6

5. Артур Евелин Вог за Марсел Пруст (1948):

„Првпат го читам Пруст. Многу сиромашна работа. Мислам дека ементално нарушен“.

p5

4. Марк Твен за Џејн Остин (1898):

„Немам никакво право да критикувам книги, освен кога ги мразам. Често посакувам да ја критикувам Џејн Остин, но нејзините книги толку ме излудуваат што не можам да го скријам сиот свој бес на читател; и затоа морам да престанам секогаш кога ќе почнам. Секогаш кога ќе ја прочитав Гордост и предрасуди, посакував да ја ископам и да ѝ го удрам черепот со нејзините сопствени коски“.

p4

3. Вирџинија Вулф за Џемс Џојс:

Уликс е дело на гадлив студент што ги стиска своите мозолчиња“.

p3

2. Вилијам Фокнер за Марк Твен (1922):

„Пискарало што не одговара ни за четврто одделение во Европа, кој со интриги измами неколку докажано стари книжевени скелети, доволно локално обоен, површен и мрзлив“.

p2

1. Дејвид Херберт Лоренс за Џемс Џојс (1928):

„Боже мој, какво олицетворение на неумешна збрка на мисли е Џемс Џојс! Ништо освен стар педер и цитати од Библијата, а другиот дел е динстан во сос од намерно новинарско валкано едноумие“.

p1

 

Извор:http://pulse.rs/

Првод од српски јазик: Кристина Велевска

Напишано од
More from РЕПЕР
Магична перспектива
Кон збирката раскази Нова приказна, Мерсиха Исмајлоска; Бран, 2014
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *