Утрото на 11 септември 2001

Педро Гиљерме-Мореира (роден 1969) е португалски романсиер. Утрото на светот е негов прв роман, инспириран од нападите на 11 септември 2001 година.

Педро Гилерме-Мореира (роден 1969) е португалски романсиер и адвокат. Пред да почне да пишува литература, наградуван е како правник и како автор на текстови од адвокатската професија. Утрото на светот е негов прв роман, инспириран од нападите на 11 септември 2001 година.

„Храбра и одлично напишана книга, Утрото на Светот, односно книгата во којашто авиони запленети од терористи-самоубијци се судираат во кулите на Светскиот трговски центар. […] Ова е возбудлив роман, којшто од почеток до крај не го оставаме, откритие на голем писател, по професија адвокат, веќе со неколку награди, но којшто се внел во ова дело целосно“.

Урбано Тавареш Родригес, Fundação Calouste Gulbenkian

„Педро Гилерме-Мореира ја има мудроста во крвта што тече во вените на еден писател: знае да раскаже приказна, предизвикувајќи бранови на наративен шок […]; од семантичка гледна точка, го надминува баналниот јазик, покажувајќи една податливост што се поврзува низ идеите […]. Неговата перспектива да ги сосредоточи настаните во секојдневниот живот на одделните личности […] е голема новост што потекнува од работата врз ликовите […]“

Мигуел Реал, JL

„Ова е прв роман на еден автор што соединил талент и посветеност за да го пренасочи сеќавањето на оние што не сакаат само во лето, и оние што остануваат без да заминат на зима“.

 Рита Боне, Моите книги

Изненадувачка американска нарација, од срце до коски, напишана од еден Португалец […]. Несомнено поблиска до филмот отколку до литературата, романот Утрото на светот е роман со огромна наративна ефикасност и одлична структура […]“

Жозе Марио Силва, Expresso

„[…] овој интересен роман, многу содржан и сигурен, како што наложува и самата тематика, одлично структуриран и распределен во играта на вкрстување на животите и световите на различни ликови. […] Во таа смисла ова е позитивна книга, којашто, повеќе од сѐ, се обидува да разбере/прифати, за да продолжи. Не станува збор за дијаболизирање на другиот или другите, пред воопшто да стане збор за сеќавање, станува збор за не-заборавање. Да се прочита една книга, да се прочита оваа книга, е еден чекор во оваа обврзувачка смисла. Да не се дозволи умирањето“.

Педро Тешеира Невес, PtnetLiteratura

Kniga_3

Тагови од објавата
, ,
Напишано од
More from РЕПЕР
Врисок од внатрешноста
Чекорејќи по вжештената калдрма на Старата скопска чаршија, наидовме на едно дуќанче...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *