Чун Кванг Јанф (Chun Kwang Young) е мајстор во обликувањето структури кои се груби, недефинирани по форма (освен во одредени случаи), круто структуирани, големи, мозаични и релјефни.
Кога бил се уште млад ликовен уметник, во 70-тите години на минатиот век, Чун Кванг Јанф ја напуштил Кореја и заминал во Њујорк каде решил да ја следи фантазијата за големиот американски сон. Веднаш добил културен шок од она што го видел и доживеал на прв момент од тоа големо материјалистичко општество, бил сведок на сите пренабрегнати моменти кои во тоа време системот во развој ги имал и се нашол во ситуација да се бори сам за да се изгради како единствен глас за тоа е дека е уметник и дека сака да создава.
Погоден од нападот на инспирација (која најдобро ја опишува во неговата уметничка изјава), тој почнал најпрво со користење на весниците како скулпторски медиум. Јанг ги прави страниците во форма на триаголни призми, и од нивниот збир креира облици на кратери, кои потсетуваат на површината на Месечината.
Неговиот стил е инспириран од апстрактниот експресионизам. Иако во неговата работа може да се сретне и слободниот инспиративен проток на движењето на Џексон Полок, неговиот процес на работа е далеку посложен од рачното распрскување на бои на поголема површина.
Целиот процес на собирање на материјал, неговата подготовка да постане дел од уште поголем концепт се само дел од неговиот пат до реализација на дела кои остануваат запаметени од страна на уметничката публика и критика, истовремено.
Самото користење на весници го фасцинира на Јанг и визуелно и концептуално. Секоја страница содржи различна приказна и заедно тие се акумулирани во еден друг, посебен опис поврзан со потрагата на човештвото за разбирање. Како што и самиот тој во една прилика изјавува: “Секој дел од информациите е крајниот производ на борбата за хегемонија, како и акумулација на човечкото искуство”.
“Една хипотеза постојано е во конфликт со некоја друга, за конечно, на крајот да станат сосема ново знаење. Додека овие видови на процеси понекогаш се направени на мирен начин преку дебати и публикации, тие понекогаш се случува да бидат направени и во форма на физички конфликти, посебно војните предводени од владеачката класа.” По неговото враќање назад во Кореја, тој продолжува да си игра и да скулптурира со весниците како начин да продолжи со процесот на мапирање на раздорот што го опкружува.
Делата на Чун Кванг Јанф се истакнати и вклучени во многу ценети јавни музејски колекции, како што се колекциите на Фондацијата Rockfeller во Њујорк, Музејот на Викторија и Алберт во Англија, Вудроу Вилсон Меѓународниот центар во Вашингтон, седиштето на Обединетите нации во Њујорк, Националниот Музејот на современа уметност во Сеул, Општинската зграда во Филаделфија, Музејот за уметност во Сеул, Националната галерија на Австралија, Канбера, Музејот Kunstwerk во Германија, меѓу другите.
Добитник е на бројни награди и е именуван за уметник на годината од страна на Националниот музеј за современа уметност, Сеул, во 2001 година. Во 2009 година награден е со Претседателска награда на 41. натпревар за корејска култура и уметност од страна на Министерството за култура, спорт и туризмот во Кореја.
Делата на Чун го магепсуваат на гледачот, го хипнотизираат со фасцинантната мешавина на бои, неговиот медиум кој релјефно дава нова функционалност и свежина на вообичаената 2-димензионална поврпината и самото по себе наметнува еден уникатен стилски израз кај овие дела, што ги прави посебни и препознатливи.
Овие рачно изработени скулптури и ѕидни платформи говорат за едно трпение и излиен, концизен инфраструктурен начин на исполнување на просторот. Неговите дела претставуваат хармонија и конфликт во единството на многумина.