20 шеги за интелектуалци

Што се добива кога ќе спариш шега со реторичко прашање?

1. Тешко е да им се објаснат игри на зборови на клептоманите зашто тие секогаш работите ги земаат буквално.
– Игрите на зборови се двосмислени: со буквално и со хумористично значење. Клептомани се луѓе кои „земаат работи“ (крадат).
2. Што се добива кога ќе спариш шега со реторичко прашање?
– „Што ќе се случи кога ќе спариш XY со AB“ е чест почеток на шега. Реторичко прашање е прашање кое служи за поставување, на кое не се очекува одговор. Шегата се состои во тоа што таа е реторичко прашање.
3. Тројца логичари одат во бар. Шанкерот прашува: „Дали сите сакате пијалак?“ Првиот логичар вели: „Не знам.“ Вториот логичар вели: „Не знам.“ Третиот логичар вели: „Да!“
– Ако некој од овие тројца логичари НЕ сака пиво, одговорот на прашањето на шанкерот би бил: „Не.“ Првиот логичар сака пијалак, но не знае дали СИТЕ ТРОЈЦА сакаат, па одговара со: „Не знам.“ Вториот логичар сега знае дека првиов сака да се напие нешто, зашто во спротивно ќе одговореше со: „Не.“, така што и вториот одговара со: „Не знам.“ Третиот логичар знае дека двајцата претходни сакаат пијалак, зашто никој не одговри со: „Не.“, а, затоа што и тој сака да се напие нешто, може да одговори со: „Да.“

light-bulb-1002783_1280

4. Ајнштајн, Њутн и Паскал играле криенка. Му бил ред на Ајнштајн да мижи, па ги затворил очите и почнал да брои до десет. Паскал истрчал и се скрил. Њутн нацртал на земјата квадрат со плоштина од еден метар квадратен пред Ајнштајн и застанал врз него.
Ајнштајн стасал до 10 и ги отворил очите. Веднаш го здогледал Њутн и извикал: „Њутн! Те најдов!“
Њутн се насмеал и рекол: „Не ме најде мене, го најде Паскал!“
– 1 њутн врз 1 метар квадратен е еднакво на 1 паскал.
5. Бескраен број на математичари влегува во бар. Шанкерот: „Шо ќе се напиете, момци?“ Првиот математичар: „Пола чаша пиво.“ Вториот математичар: „Четвртина чаша пиво.“ Третиот математичар: „Осмина чаша пиво.“ Четвртиот математичар: „Шеснаестина чаша…“ Шанкерот упаѓа со: „Ебете се сите!“ и им наточил цела чаша пиво.
– Во математиката, сумата на бесконечната прогресија ½ + ¼ + 1/8 + … е приближно еднаква на 1.
6. Римјанин влегува во бар, крева два прста и вели: „Пет пива, молам.“
– Два кренати прста личи на буквата V, што кај Римјаните бил борјот 5.
7. Сопруга на програмер му вели на својот маж: „Оди до продавнциата и купи еден леб. Ако има јајца, земи дванаесет.
Програмерот купил 12 леба.
„Зошто купи 12 леба?!“, свикува жената. „Зашто имаа јајца!“
– Во програмските јазици, функцијата if (ако) го условова конечниот резултат. Сопругата не му нагласила на своето либе дека ако има јајца, да земе 12 ЈАЈЦА, така што овој купил 12 леба.
8. Сопруга на програмер го праќа својот маж во продавница и му вели: „Купи леб и додека си таму земи неколку јајца.“ Програмерот никогаш не се вратил.
– Функцијата while (додека), во програмските јазици е во процес сè додека не биде прекината од друг елемент во програмскиот код. Програмеров не бил прекинат од ништо и затоа не се вратил.
9. Сопруга на логичар се породила. Докторот веднаш му го дал новороденчето на таткото.
Неговата жена веднаш прашува: „Машко е или женско?“
Логичарот одговара: „Да.“
– Кај прашањата со „или“, во логиката, доколку макар една од оциите е точна, се одговара со „да“.
10. Ентропијата повеќе не е она што некогаш беше.
– Ентропија е процес во постојана промена, така што никогаш не се враќа во некоја претходна состојба.
11. Хелиум влегува во бар и нарачува пиво, шанкерот вели: „Извинете, овде не служиме благородни гасови.“ Хелиумот не реагира.
– Хелиумот е благороден гас кој не реагира на ниедна субстанца.
12. Шредингеровата мачка велува во бар. А и не влегува.
– Референца на познатиот експеримент на Шредингер, кој се состои од мачка во кутија со радиоактивна супстанца; Мачката е или мртва или не е, но нема да дознаеме ако не ја отвориме кутијата.
14. Има 10 вида на луѓе во светот: Тие што знаат бинарни броеви и тие што не знаат.
– Во бинарниот систем, 2 е претсавен со 10 (1 и 0).
15. Физичар, биолог и математичар седат пред бар кога двајца влегуваат во куќата од другата страна на улицата. По десет минути, тројца излегуваат од куќата. Физичарот гледа збунето и вели: „Мора да има грешка во мерењата.“ Биологот одвраќа: „Не, сигурно се размножувале!“, на што математичарот вели: „Ако еден човек влезе внатре, куќата ќе биде празна.“
– Од надворешна перспектива, во куќата има 0 луѓе. Во неа се додаваат 2, а се одземаат тројца, што во математиката би се обележало со -1. Доколку на тој -1 еден човек се додаде уште 1, во куќата ќе има повторно 0 луѓе, што значи дека таа е празна.

brain-1773892_1280

16. На некој фармер лисици постојано му ги јаделе кокошките. Го повикал својот пријател-физичар на помош. Физичарот размислувал еден ден, па му рекол: „Па, најдов решение, но ќе функционира само за сферични кокошки во вакуум.“
– Најчесто физичарите ги објаснуваат своите теории под совршени услови, како што се сферните тела и вакуум-просторот, во кој не постојат влијанија, како триење, воздушен притисок и сл.
17. Кого Полифем го мрази повеќе од Одисеј? – Никој!
– Во „Одисеја“, Одисеј на киклопот Полифем му се претставува како Никој. При измамата на Одисеј во кој тој со својата посада бега од заточеништвото на Полифем, киклопот на другиот киклоп му вели: „Никој ме напаѓа!“ или нешто слично. Нормално, другиот киклоп не го разбира и останува мирен, така што заробениците имаат успешно бегство.
18. Слушнавте за човекот кој се замрзнал до апсолутна нула? ОК е тој сега.
ОК ~ 0K ~ нула келвини – апсолутната нула, што е еднакво на -273,15 степени Целзиусови.
19. Толку ми се паметни кокошките, што кога ги хранам им велам: „3,14, 3,14, 3,14…“
– 3,14 е почетокот и најчесто користениот дел од бројот пи. Кога се хранат птици, за нивно повикување често го користиме извикот „пи“.
20. Што вика програмер кога е „напален“? – .rar!
– Кога луѓето се „напалени“, често знаат да изговорат „рррррр“, што во сленгот на програмерите може да се преведе со екстензијата за спакувани фајлови, .rar.

#19 – автор: @Marinska07

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Превртеното време во раскажувачката проза на Милорад Павиќ и на Крсте Чачански
Милорад Павиќ (1929-2011) и Крсте Чачански (1949-2003) претставуваат неодминливи, ако не и...
Повеќе
0 replies on “20 шеги за интелектуалци”