Огледала – Сантиаго Клапес Мари

Огледала

Танц на перја во воздухот
И здивот мој како единствен ветер.
Десно од тебе, цвеќиња натопени во седеф,
Лево од мене, ѓаволест поглед.
Двојното лице на внимателно изучувана монета.

Утре сакам облаци во срцето,
денес сакам срце каде би ги вметнал облаците.
Под твојата зеница вчерашната бура станува роса.
Свежината на оганот избледува помеѓу жарта на морето.

Мешавина од кал и радост
ги покрива пукнатините на моето засолниште.
Во мене црна светлина,
Вон тебе,
бесконечно небо што никако не успевам да го дофатам.
Одраз на споменот
на утрешниот ден што никогаш нема да дојде.

Продолжувам да чекорам самоуверено напред,
иако тонам со нозете тешки како олово,
Мојата осаменост те придружува,
твоите раце ме достигнуваат.
Сѐ што преостанува е иднината.

Автор: Сантиаго Клапес Мари
Превод од шпански: Лара Прокопиева

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Манганели е најиталијански меѓу италијанските писатели
Кон романот Центурија од Џорџо Манганели.
Повеќе
0 replies on “Огледала – Сантиаго Клапес Мари”