СОВРЕМЕНА ИТАЛИЈАНСКА ПОЕЗИЈА (5)

...сонца кои се судриле во редови од трепки

АНДРЕА ЅАНЅОТО
Психичко постоење

Од оваа божемна почва-плот
изгонуваш изострени сетила
и воздишки и тишини,
од оваа слуз на собитија
– сонца кои се судриле во редови од трепки
од жили одвај изабени изгрицкани долж брдата –
од овој долг миг
голтнат од снеговите, голтнат од ветровите,
од сето ова што не било
пролет ни јули ни есен
туку само болен вртеж
туку само психа,
од сето ова кое не е ништо
и е сето она што јас сум:
така и вистината завива во себе самата
копнеејќи да биде плод што се дуе и влажни.
Кисел болскоту што ги ткаеш
усвитените жаришта на пеколот,
атомите и блуењето
тмурно составено oд алги и црви
светлосно-јајце си
и во смртниот балган
создаваш зборови
и љубови.

АНДРЕА ЅАНЅОТО
Такви сме

Велеа, во Падова, „и јас“
Пријатели „го запознав“.
И се створи жубор од валкана вода
ближна, и од валкана фабрика:
прекрасни во тишината,
Зашто беше ноќ. „И јас
Го запознав“.
Бодро помислив
на тебе сега
ти која не си ни субјект ни објект
ни вообичаен јазик ни жаргон
ни мир ни движење
не си ни она ниту кое порекнува
и колку и да тонат
моите очи низ дупчето на иглата
никогаш нема да те порекнат.

И така нека биде: ама јас
верувам со подеднаква
сила во моето ништавило,
затоа и не те загубив
или, колку повеќе те губам и колку повеќе се губиш,
толку повеќе си ми слична, повеќе ми се доближуваш.

    Андреа Ѕанѕото (1921-2011) е италијански поет, писател, учител и интелектуалец. Пишувал експериментална поезија на венетски дијалект. Соработувал со Федерико Фелини за дијалектална поетизација на филмот Казанова. Одбил да учествува во регрутирањето волонтери за фашистичката партија.
Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Радовишки маџун
Од серијата насловена како „Радовишки рецепти“ ви претставуваме рецепт за подготовка на...
Повеќе
0 replies on “СОВРЕМЕНА ИТАЛИЈАНСКА ПОЕЗИЈА (5)”