ЗЕМЈА

Годинава, уметничката Бојана Артиновска Трпческа го реализира својот проект ЗЕМЈА, мултимедијален перформанс, каде беа вклучени литератуни творци , кои читаа свои дела на истата тема  во Прилеп.

Сите што пропуштија да бидат дел од настанот, може да погледнат избор од сликите во нашата галерија.

Бојана за својот проект ќе каже „Земјата е елемент најблизок до мојот сензибилитет и природа. Сакам да ја изразам мојата благодарност и почит кон мајката од која доаѓа сè и сè повторно кон неа се враќа. Таа е симбол на физичка сензација, раст и манифестација на материјата. Учам да ги слушам земјените енергии и оставам да ме водат. Открив нови тонови на бои и форми кои резонираат со чувството кое се раѓа во мене додека сум во контемплација со овој елемент – сите нијанси на кафеава, окер, зелена и црна. Сакам да преовладува густа, топла атмосфера, со цврсто структурирана композиција. “

Таквото чувство и доживување, успева да го пренесе преку платното, па до сите нас. И така, стоејќи пред нејзината, а и наша ЗЕМЈА со сите свои форми, бои, цутови, светлини но и длабочини, сенки, темнини за повторно нов зародиш на бујноста … нè тера за миг да запреме, да земеме воздух, да пуштиме воздух и да се освестиме – ние сме живи! 

Секое ново навраќање кон природата ни покажува дека животот е полн убавини. Секое ново гледање во уметноста на Бојана ни покажува дека одново и одново нешто се создава. Темнината има своја убавина, светлината има свои сенки, цутовите прецутуваат, боите се  менуваат, зеленилото има милион нијанси, земјата била и ќе биде најголем извор на живот, енергија, инспирација, а уметноста секогаш постанува продолжение на животот. И кога животот ќе помине…таа останува и сведочи за постоењето. 

Биографија:

Бојана  Артиновска  Трпческа e родена во Велес 1977 година, каде завршува основно и средно образование. Факултет за ликовна уметност при Универзитетот Кирил и Методиј Скопје завршува  во класата на проф. Родољуб Анастасов на отсек сликарство и сценографија. Дипломска работа изложи во Сули ан под наслов „Архитектура на времето“

Од 2000 до 2003 година живее и работи како слободен уметник во САД.

На први Август 2008 година во Музејот на НОБ во Крушево ја реализира својата прва самостојна изложба на манифестацијата „10 Дена крушевска Република“ под наслов:  – Во МЕНЕ.

Својата втора самостојна изложба ја оствари во 2011 год.во ликовната галерија во Прилеп. Насловена е ,,ГОЗБА”  и е своедвидно ретроспективно видување на нејзината дотогашна работа. Tретата самостојна изложба ја остварува во 2020 год.во Ниш, република Србија.насловена е ТРЕПЕТ. Следува ПОЗАДИНИ изложба е реализирана како интерактивен проект изложба со наслов во Прилеп 2021г. 

 Од 2005 година е член е на Друштвото за Ликовни Уметници Битола, а од 2010 година е член  на Друштвото на Ликовни Уметници Прилеп, со кое има остварено повеќе групни изложби, хуманитарни акции и перформанси.Од 2021 е член на ДЛУМ.

Живее во Прилеп и во повеќе прилики соработувала како надворешен соработник со НУЦК Марко Цепенков и Театарска Работилница за изработка на kостими, сценографија и шминка за повеќе проекти

Напоредно со сликарството и сценската уметност истражува и во полето на фотографијата.

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Голема или мала буква?
За дилемата дали да се употреби голема или мала почетна буква веќе...
Повеќе
0 replies on “ЗЕМЈА”