Патот

Избор од десетина кратки песни кои не се хаику, но кои истовремено го имаат истиот сензибилитет, должина и продуховеност.

b1

Кога станува збор за патот на Борис Митковски, веднаш ќе кажеме дека тоа е поезија која ниту формалните поетички одредници, ниту според религиозниот сензибилитет на зенот, ниту, пак, според естетиката и фонетиката на јапонските литании на мигот, буквално му припаѓа или наликува на хаику.

Митрополит Методиј Златанов

5.

Аикидо час,

се загубив,

почнав молитва да кажувам.

 

8.

Го предизвикав

Воинот на коњ,

зошто не и ти?

 

10.

Детето мало

на полна Месечина

лотосот го отвора.

 

13.

Од срцето орел излета.

Боже,

монахот колку ли се молел.

 

21.

Зошто ли

баба ми како новороденче

во раце ја дочекав.

 

28.

Славеј

толку близу

во грлото гнездо сви.

b2

35.

Замисли,

самурај в црква видов,

се причести.

 

43.

Добриот волк

во пештера

и детето го чува.

 

73.

Стара куќа,

скршени прозорци,

а во неа старец седи.

 

76.

Син ми веќе

почнав да го плачам

бидејќи расте.

 

91. Знам еден мудар старец

ме откачи

уште на почеток.

 

100.

Убав гулаб,

веста пристигна,

повторно ќе дојдам.

 

109.

Жена ми

ручек зготви,

на небесна храна замириса.

 

Борис Митковски е роден 1976 година во Куманово. Поезијата го интересира уште од средношколските денови, особено хаику поезијата. Работи во Авганистан, каде што и се инспирира да ја напише книгата „Патот“, која му е првообјавено дело. Оваа стихозбирка можете да ја најдете на Саемот за книга, на штандот на издавачката куќа Антолог. 

Напишано од
More from РЕПЕР
Реалноста на Борхесовата фантастика, нереалноста на Кортасаровиот реализам
За расказите на Борхес и романот „Плочка“ на Кортасар...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *