Есеј
Зоолатријата кај Старите Словени
од Исток УлчарПокрај религиозните и митолошките претстави на животните, кои не се присутни само кај Старите Словени, зоолатријата е присутна и во книжевната уметност. Од суштинска важност е овде да се напоменат басните, кои честопати потекнуваат од легенди и од преданија за некое митолошко животно, додека, пак, многубројни се и литературните примери каде оддавањето почит кон животните, или, пак, нивно прикажување како симбол на одредена идеја, не е воопшто, или, пак, не е директно поврзано со религиозните слики.
„Медена земја“ – Приказна за убаво раскажана приказна
од Сара ГруескаБез сомнение „Медена земја“ со проблемот кој го обработува ги освои срцата на сите. За тоа придонесуваат и сцените во кои гледаме предели, непознати и неоткриени и за повеќето од нас, македонците, а да не зборуваме за странците кои се воодушевени од негибнатата природа која излегува пред нивните очи.
Кон „Расипаниот часовник“ од Ѓорѓи Крстевски
од Сара ГруескаВо време кога сите брзаат некаде, кога ретко наоѓаат време за себе, а уште помалку наоѓаат време да прочитаат некоја книга, кратките раскази стануваат литература која ги задоволува вкусовите на љубителите на пишаниот збор. Краткиот расказ раскажува само една поединечна работа врзана за една личност.
Анализа на сцена од „Буре барут“
од Сара ГруескаГледајќи ја претставата „Буре барут“ поставена на сцената на Драмскиот театар во Скопје од режисерот Сашо Миленковски во 2016, а имајќи предвид дека првично ја режирал во 1995, можеме да заклучиме дека проблемите кои биле актуелни во 90-тите години на XX век се подеднакво актуелни и денес. Дејствата кои се обработени во драмата (во 1995) се последица од политичките ситуации кои се случувале во 90-тите, по распадот на тогашниот систем.
Од орнаментализам до супрематизам: апстрахирање
од Сотир РистоУмот и уметникот првично произволно се изразуваат со слики и фигури, но потоа, кога се обидуваат да ја подражавaат/имитираат стварноста и нејзиното разнолико богатство, имаат потреба да најдат правила во целата таа разноликост и хаотичност и наместо просто подражавање се обидуваат да ни прикаже промислена стварност или да најдат ред во стварноста и природата.