Книжевност

Книжевна препорака: „А Бабукар одеше на чело“ од Џовани Доѕини

од

Оваа дводневна приказна е тивка тензија, без ниту еден позначаен настан, но со дејство што е постојано активно. Фатена и пресликана стварност, банална како испиено шише пиво, како финале на Европско првенство во фудбал. Отсуството на приказна е всушност тоа што ја прави оваа приказна.

Бајац / Пиштало

од

Во животот ми се случуваат интересни средби и личности, во различни временски периоди и во различни амбиенти, со некои, како со Влада Бајац, тие доживувања продолжуваат, се множат, за понатаму да ги прераскажувам.

Сенката на амбисот во шуплината на светот Луцидната поетика на Ели Урбина

од

Ели Урбина за своето творештво вели дека се развивало и создавало под силно влијание на македонскиот поет Матеја Матевски. Преку поезијата на Матевски, Ели негува суштинска поврзаност со македонската книжевна традиција и црпи длабинска инспирација.

Номадот Ацо Шопов

од

Геопоетиката се соединува со митопоетиката: за поетот-номад се суштински едноставните големи нешта – Сонцето, Ѕвездите, Елементите, Жената – оние што учествуваа во создавањето на Првичниот Свет и на Првата Песна. Стареејќи биолошки, номадот духовно се подмладува, се враќа кон своето прапостоење.

Номадот Ацо Шопов

од

Геопоетичкиот карактер во творештвото на Шопов, динамичноста и интензивноста на неговиот поетски исказ, ослободувачката енергија што вибрира од паузите, белините меѓу концентрираните, напрегнати стихови, наоѓа на податлив прием во странските јазици на коишто неговата поезија е препеана.

Номадот Ацо Шопов

од

Номадската потрага е исто толку страствена во истражувањето на внатрешните лавиринти, кадешто темно меандрира сопствената крв. Небиднинската поетика проникната со митски праслики опсесивно ја негува и ја повторува соодветната симболика на крвта, персонифицирана низ опозицијата на божеството и демонот.

КОН VIII ИЗДАНИЕ НА SPECTATOR – 15 години подоцна

од

А читателите го кажаа своето големо ДА за овој роман. И така спектакуларно во Библиотеката НАЈчитаните на „Култура“ многу брзо, и тоа веднаш зад „Папокот на светот“ на Венко Андоновски (2002) и „Разговор со Спиноза“ на Гоце Смилевски (2003), под број 9 (случајно или не) се најде и неговиот „Spectator“ (2004).

Кон „Убиствата на Алиса“ од Гиљермо Мартинес

од

Кристен Хил, млада стипендистка добива задача да ги собере оригиналните тетратки и при тоа ја открива шифрата на една таинствено откината страница. За да си ја зачува заслугата за откритието Кристен договара средба во братството. Вечерта пред средбата ја прегазува автомобил, едвај се спасува, но не присуствува на неа. Се случува серија злостори кои се чини имаат за цел да спречат да се обелодени тајната на таа страница.