Број 125-126

Гитара од палисандер

од

Мајката на Аша ги беше истражувала новите шуми, беше собирала бобинки од грмушките, со голи раце ја беше копала земјата во потрага по корења, беше извлекувала масло од цветовите, ги беше сончала семките на сонцето и ја беше стружела кората од дрвјата. Девојчето ја следеше во чекор и го впиваше знаењето што мајката го споделуваше со неа.

Кон „Вечно туѓа“ од Стефан Хертманс

од

Жените од памтивек се напаствувани и злоупотребувани, да се биде жена било проклетство, особено зашто жената го носела гревот како тафта закоена за рамената, на која секој случаен минувач оставал по еден камен, пригрбавувајќи ја, обременувајќи ја…

Кон „Заклученото тело на Лу“ од Оливера Ќорвезироска

од

Лу Саломе сакала и успеала да пишува за својот живот од позиција на слободна жена. Таа е совршено надарена за туѓите творештва, а сопственото го користи како медикамент при одредена емоционална состојба. Саломе не е редок автор, ами е ретка жена: пишува за да се лекува себеси.

Писмо до Стале Попов

од

Така му велам јас на тој Стале Попов… Та му предлагам јас нему приказната што ќе ја пишува, ако милува, да ја нарече „Крпен живот“оти во ушите како ѕвончиња ми тропкаат Илковите зборови „Крпен живот, Дочко, ама ете и со крпен си поминавме, поарно од со нов“.

Ермис и земјотресот

од

Не ми преостана друго освен да се вратам кон црно-белите типки и почнам да импровизирам, додека во главата ми се превртуваа секакви мисли. И тогаш, од близу се јави некој глас, чиј глас не можев да знам, до клавирот стоеше момчак, дваесетгодишник, ми рече: – Добро отсвирено.

Писмо за другарството

од

Љубовта, почитта и разбирањето се работи кои не може да се купат, тие се стекнуваат со сериозност и благодарност кон подобрите и поискусните личности. Таквиот наш пристап е наградуван со почитување на добрите вредности, на вистинските вредности.